Швајцарски турист пријавил непријатно искуство со такси-превоз во Скопје, откако за кратко возење до Средно Водно му била побарана сума што далеку ги надминала вообичаените цени.
Според информациите потврдени од Министерството за внатрешни работи, на 20 април 2026 година во СВР Скопје се обратил 43-годишен државјанин на Швајцарија, Б.Ф.П.Х., кој го опишал инцидентот што се случил во главниот град.
Тој навел дека такси возило го превезло од централното подрачје на Скопје кон Средно Водно, при што по пристигнувањето возачот побарал и наплатил 7.800 денари. Изненаден од висината на сумата, патникот реагирал дека цената не соодветствува на релацијата и вообичаените тарифи.
Неговата реакција, како што стои во пријавата, наишла на остар одговор од возачот, кој наводно станал агресивен, по што веднаш го напуштил местото со возилото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
…












