среда, јуни 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

25 години брзина: Иџе тргнува по нова европска титула

by Redakcija
22.04.2026
in Спорт
25 години брзина: Иџе тргнува по нова европска титула

Австрија викендов ќе ја отвори новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), а вниманието повторно е насочено кон Игор Стефановски – Иџе, кој влегува во првата трка на легендарниот Рекберг со јасна порака: годината носи посебна тежина и дополнителна мотивација.

Македонскиот ас ја стартува 2026 сезона во момент кога бележи импресивен јубилеј од 25 години активна тркачка кариера. Тој период не само што го потврди како еден од најуспешните возачи од регионот, туку и како трикратен европски шампион кој и понатаму останува меѓу главните имиња во ова елитно натпреварување.

Новата сезона во EHC носи сериозен предизвик: над 250 возачи, 10 трки низ Европа и уште посилна конкуренција од претходните години. Сепак, Иџе повторно пристапува со препознатливата смиреност и амбиција, насочен кон високи пласмани и борба за врвот.

Во сабота започнуваат официјалните тренинзи на патеката Рекберг, додека главните трки се закажани за недела, 26 април. Завршницата на шампионатот традиционално ќе се одржи во Хрватска во септември.

Оваа сезона Стефановски повторно ќе настапува во соработка со Ferrari, возејќи го моделот Ferrari 488 Challenge, специјално адаптиран болид за ридски патеки, кој и годинава треба да му обезбеди конкурентност на највисоко ниво.

„Со голема возбуда ја очекувам првата трка. 25 години на патеките се огромен мотив да дадеме максимум. Верувам во добри резултати и силна сезона. Благодарност до тимот, Ferrari, спонзорите и сите кои стојат зад нас“, порача Стефановски пред стартот на шампионатот.

Поддршката не изостанува ниту од тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, кои повеќе од една деценија се дел од неговата приказна и, како што истакнуваат, остануваат горди што заедно со него ја претставуваат Македонија на европската сцена.

…

Related Posts

Халанд постигна два гола, па ги шокираше сите: „Не ме интересираат, и онака ќе нè победат…“

23.06.2026

Зошто сите зборуваат за партнерката на селекторот на Германија?

23.06.2026

Меси испиша историја на Светските првенства!

22.06.2026

Белгиската ѕвезда сака да го напушти Светското првенство среде турнирот; причината предизвика жестока расправа

21.06.2026

Македонец ќе го води клубот на Бекам и Невил

19.06.2026

Голем безбедносен пропуст на натпреварот Англија – Хрватска ? ФИФА брзо се огласи

18.06.2026

Препорачани Вести

Отворен е конкурсот за запишување студенти на Хајделберг Факултет во Скопје за академската 2026/2027 година

2 недели ago

Приведен 44-годишник во тетовско поради лажно пријавување на кривично дело

4 недели ago

Популарни Вести

  • Сите ја гледаат бојата и тука грешат: Вака за 10 секунди ќе ја изберете најсочната и најслатката лубеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозен „изгубен град“ на дното на Атлантикот би можел да ја открие тајната за потеклото на животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа се вооружува: Создадено стратешко партнерство за воздушна одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скокна минималниот износ за К-15 – од 1 јули почнува исплатата на регресот за годишен одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Голем шумски пожар кај Сармазалино: чад ја намали видливоста на експресниот пат Велес – Свети Николе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.