четврток, април 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Груби останува во куќен притвор, мерката продолжена за уште 30 дена

by Redakcija
23.04.2026
in Црна Хроника
Артан Груби останува во домашен притвор додека трае истрагата

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, откако Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за продолжување на мерката за нови 30 дена.

Продолжувањето е направено по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, а Груби ќе остане под 24-часовен надзор од страна на Министерството за внатрешни работи.

Ова е второ продолжување на мерката за обезбедување присуство. Доколку Обвинителството побара ново продолжување по истекот на овој рок, согласно Законот за кривична постапка, одлуката ќе ја носи Апелацискиот суд Скопје.

Груби е второосомничен во случајот поврзан со злоупотреби во Државна лотарија. Првоосомничен е поранешниот директор Перпарим Бајрами, кој сè уште не е достапен за органите на прогонот.

Ексвицепремиерот ја напушти земјата пред официјалното отворање на истрагата и извесен период престојуваше во Косово, и покрај тоа што беше на „стоп-листа“. Тој тврдеше дека станувало збор за приватна посета и најави дека ќе се врати, што и го стори на 23 февруари, кога беше приведен на граничниот премин „Блаце“.

По приведувањето, Груби првично беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, но таму се задржа кратко. По предлог на Обвинителството, судот одлучи мерката притвор да ја замени со куќен притвор, поради безбедносни проценки направени од надлежните институции.

Одлуката предизвика силни реакции во јавноста и политички препукувања. СДСМ обвини дека случајот е договорен меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Демократската унија за интеграција, додека од владејачката партија возвратија дека незадоволството на граѓаните произлегува од состојбите во правосудството наследени од претходната власт.

…

Related Posts

Голема измама во Скопје – Полицијата во акција

23.04.2026

Голема полициска акција во Тетово – Претреси и апсење

23.04.2026

Велосипедист повреден во сообраќајка кај „Макпетрол“ на „Партизанска“: Сведоци пријавуваат доцнење на Итната помош

23.04.2026

Превртен камион на патот Струмица – Валандово

22.04.2026

Фалсификувал службен документ: Кривична пријава за полицаец од Тетово

22.04.2026

Полициска акција – Скопјанец заврши зад решетки

22.04.2026

Препорачани Вести

НАТО не може да ги потврди израелските тврдења за ризик од ирански ракети кон европски престолнини

НАТО не може да ги потврди израелските тврдења за ризик од ирански ракети кон европски престолнини

1 месец ago
Охридскиот аеродром акредитиран со Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии

Охридскиот аеродром акредитиран со Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Швајцарија отвора процес за вонсудско решавање на трагедијата во Кран-Монтана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Започна реконструкцијата на познатата „Алхамбра“ во Битола – изведувач е Стентон Градба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува запирање на испораките на нафта кон Германија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема измама во Скопје – Полицијата во акција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија планира најсилна армија во Европа: цел од 460.000 подготвени војници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.