Инспектори од Одделението за економски криминал при СВР Тетово на 24 април 2026 година спроведоа акциска контрола во трговски центар на подрачјето на Тетово, во периодот од 08:00 до 12:30 часот, во рамки на сузбивање на кривични дела поврзани со недозволена трговија.
При контролата, од два бутика биле одземени околу 70 парчиња брендирана облека, меѓу кои фармерки и маици, за кои постои сомнение дека се фалсификати на познати светски брендови.
Акцијата е спроведена поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена продажба“ согласно член 285 од Кривичниот законик. Надлежните институции информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци против инволвираните лица.











