На 27 април 2026 година, во 16:45 часот, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 48-годишен државјанин на Народна Република Кина.
Според информациите од полицијата, при гранична контрола било утврдено дека лицето приложило фалсификувана патна исправа.
По приведувањето, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје, каде ќе се спроведе понатамошна постапка.
…












