четврток, јуни 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Разбиена меѓународна измамничка мрежа во Албанија: уапсени 10 лица, штетата над 50 милиони евра

by Redakcija
29.04.2026
in Балкан

Десет лица се уапсени во Албанија во рамки на голема меѓународна операција против онлајн измами, соопшти Европол.

Според истрагата, криминалната мрежа стои зад измами вредни над 50 милиони евра, при што жртви имало низ Европа и пошироко, вклучително и во Италија, Германија, Грција, Шпанија, Канада и Обединетото Кралство.

Групата управувала со неколку кол-центри во Тирана, од каде што жртвите биле мамени преку лажни инвестициски платформи. По регистрацијата, тие биле контактирани од лица кои се претставувале како финансиски советници или брокери и им ветувале високи добивки.

Во реалноста, измамниците користеле софтвер за далечински пристап за да преземат контрола врз уредите на жртвите и да ги пренасочат средствата во сложена меѓународна мрежа за перење пари. Дополнително, жртвите биле изложени на психолошки притисок да вложуваат сè повеќе средства.

По губењето на парите, дел од жртвите повторно биле контактирани со нови понуди за инвестирање, вклучително и отворање сметки на криптовалутни платформи со почетен депозит.

Според Европол, мрежата броела околу 450 лица организирани во различни сектори, со тимови специјализирани за повеќе јазици со цел да допрат до што поголем број жртви.

Истрагата започнала во Виена во 2023 година, а подоцна била проширена со вклучување на албанските власти. Со поддршка на Евроџаст бил формиран заеднички истражен тим, што довело до координирана акција на 17 април 2026 година.

При претресите биле уапсени 10 лица, извршени претреси во три кол-центри и девет домови, а запленети се значителни парични средства, стотици електронски уреди и друга дигитална опрема.

…

Related Posts

Семинарот на АГСМ во Тирана се фокусира на состојбата на Македонската заедница во Албанија (ФОТО)

18.06.2026

Блокада на три бугарски гранични премини кон Македонија, најавен протест на 21 јуни

17.06.2026

Грција го менува режимот на граница: Што ќе значи тоа за македонските патници?

16.06.2026

Ескалира политичкиот судир во Албанија – Рама: Нема да попуштиме пред притисоците на улицата

15.06.2026

Километарски колони на Евзони: Илјадници туристи заглавени со часови на границата

15.06.2026

Трагедија во Хрватска: Лоцирана потонатата едрилица, се стравува дека едно лице е заробено

15.06.2026

Препорачани Вести

Прегазено 11 годишно дете во Тетово

3 месеци ago

Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Платежната недисциплина во Европа: Дигитализацијата клуч за подобрување, ЕОС Матрих Македонија како регионален фактор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски со остра порака: „Ако Украина гори, ќе гори и Москва“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 20.000 починати за една година во Македонија – Ова е најчестата причина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,14 отсто, најголем промет со акциите на Авто гума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Искуствата од Хрватска ќе помогнат Битола да развива современи енергетски заедници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.