четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Михајло Марковиќ добитник на државната награда „Гоце Делчев“ за 2026-та за научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“

by Redakcija
04.05.2026
in Република

Научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“ (приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерик, Огледало и Различна поучителна наставленија) ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година. Наградата беше доделена денес во македонското Собрание, а на церемонијата се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

„Ова дело се вбројува меѓу оние што анализираат клучни лингвистички прашања за македонскиот јазик и неговиот лексички фонд. Ја обработува врската помеѓу старите текстови и современиот македонски јазик, односно систематски ја документира неговата еволуција, ја анализира структурата и употребата, и ја истакнува неговата улога како носител на културниот и националниот идентитет“, рече Јаневска, упатувајќи честитки до авторите – проф. д-р Соња Новотни и проф. д-р Михајло Марковиќ.

Министерката истакна дека во време на брзи промени и глобални предизвици, научната работа е најсилен аргумент за опстојување и напредок. Во таа насока, Владата има должност да ја поттикнува научната дејност, истражувањата и иновациите, кон кои, во изминатите две години третманот е значително променет.

„Предложивме нова Национална програма за научно-истражувачка дејност. Буџетот за наука го зголемуваме две години по ред, па така од 380 милиони денари во 2024 година, во 2026 имаме над 770 милиони денари од кои најголем дел за финансирање на научно-истражувачки проекти од национален интерес. Лани поддржавме 7 проекти на јавните научни установи и 45 проекти на државните универзитети, факултети, научни институти, МАНУ и на бизнис заедницата. Секој проект се финансира до 8 милиони денари, со исплата според однапред утврдена динамика, а имплементацијата мора да заврши најдоцна до 31 октомври годинава“, додаде министерката.

Информираше дека наскоро во законодавниот дом пред пратениците ќе се најде и новиот Предлог закон за научно – истражувачка дејност, заедно со предлог законите за високо образование и за обезбедување на квалитет во високото образование, кои исто така имаат стимулирачки компоненти за оние кои работат во науката. 

Базите на Web of science и SCOPUS станаа бесплатно достапни за сите научници и истражувачи од јавните високообразовни и научни установи, а меѓународните програми за наука, како Хоризонт, останаа отворени за нашата земја.

„Апелирам при одредување на приоритети во делувањето, во фокусот на нашите научници да бидат целите од Стратегијата за паметна специјализација на државата. Тие ќе бидат и институционални цели“, нагласи Јаневска.

Со државната награда „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката. За Јаневска, да се прими ова признание, значи да се застане во истиот ред со првиот добитник Блаже Конески, но и да се преземе одговорноста за иднината. На сите кандидати за наградата, кои присуствуваа на доделувањето им порача дека токму тие се патоказот за младите генерации истражувачи кои допрва ќе ја градат својата и нашата заедничка иднина врз темелите на фактите и вистината.

…

Related Posts

Тоневски: Три спорта, една енергија – Пробиштип со спортски ден ја одбележа Европската недела на спортот

24.09.2026

Во штипско училиште забранети телефоните, чипсот, смоките и обоените сокови

24.09.2026

Општина Битола: Околу 500 ученици учествуваа на „Есенскиот крос“

24.09.2026

Падна првиот снег во Македонија – Ова е среќната планина

23.09.2026

Коњановски: Битола ја одбележува Европската недела на спортот со младински футсал турнир

23.09.2026

Проданоски: „Гентерм“ 10 години создава работни места и можности за прилепчани

23.09.2026

Препорачани Вести

САД испратија предупредување до Русија по извештаите за размена на тајни информации со Иран

САД испратија предупредување до Русија по извештаите за размена на тајни информации со Иран

7 месеци ago

Нова адреса покрај езеро: Ohrid Wine Festival Vol. 5 од 25 до 27 јуни

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 1,85 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љатифи на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Три спорта, една енергија – Пробиштип со спортски ден ја одбележа Европската недела на спортот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД го одбија условот на Иран за Ормускиот теснец: „Вие не го контролирате“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Јадранското Море пуштаат илјадници октоподи: Имаат само една задача

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.