среда, август 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

„Нож и виљушка на европска чинија“: Спој на европската трпеза и македонската традиција на 9 мај во Паркот на Франкофонијата

by Redakcija
06.05.2026
in Скопје

Скопје, 6.05.2026 – Паркот на Франкофонијата на 9 мај ќе биде отворена градска сцена на која европската култура ќе се сретне со македонската традиција, музика, вкусови и препознатлива дружељубивост. Под симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“, настанот е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата на европска отвореност во локален, топол и близок градски формат.

Настанот беше најавен на прес-конференција во Паркот на Франкофонијата, на која присуствуваа претставници на организацијата, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, главниот уредник на „Поточиња“ Оливер Папоњак, како и изведувачите Мишел Трајковски и Михаило Митов – Спарк.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до сите жители на Општина Центар и на градот Скопје, како и до сите оние што сакаат да се забавуваат и да уживаат во прекрасна храна, да се придружат на настанот и заедно да го прославиме Денот на Европа.

„‘Нож и виљушка на европска чинија’ прерасна во убава и препознатлива традиција, која веќе неколку години по ред се одржува во Паркот на Франкофонијата. Се дружиме, се запознаваме со различни култури и вкусови и разменуваме искуства. Ова е наш начин заедно да го одбележиме 9 Мај – Денот на Европа, со нашите сограѓани и европските пријатели, во добро расположение, со богата музичка програма и гастрономија од сите меридијани“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Организаторите најавија дека „Нож и виљушка на европска чинија“ ќе понуди содржини за различни генерации, со акцент на музика, креативност, гастрономија и дружење на отворено. Идејата е преку урбана, достапна и комуникативна програма да се покаже дека различните европски култури и традиции можат природно да се надополнуваат преку вкус, звук и заедничко искуство.

„Овој настан го замисливме како отворена градска приказна во која и македонската трпеза е дел од европската гастрономија, а сето тоа се доживува преку музика, вкусови и дружење. Сакавме да создадеме настан што ќе ја спои европската културна разновидност со македонската традиција и нашата препознатлива дружељубивост. Паркот на Франкофонијата е вистинско место за таква средба – отворено, живо и блиско до граѓаните“, изјави Сандра Темова.

Оливер Папоњак, главен уредник на „Поточиња“, со чиј настап точно напладне започнува програмата, истакна дека настанот има и силна едукативна димензија:

„Кога зборуваме за Европа, важно е таа приказна да им ја приближиме и на децата, на јазик што тие го разбираат – преку песна и игра. Нашата цел е децата да почувствуваат дека различноста е богатство, дека културата се споделува и дека заедништвото се учи од најрана возраст.“

Во рамки на програмата ќе настапи и Михаило Митов – Спарк, блуз изведувач, кој ќе донесе поинаков музички колорит на настанот.

„Голема благодарност за поканата до Општина Центар и организаторите на оваа манифестација. Мило ми е што блуз музиката ќе биде чуена на 9 мај. Огромно задоволство ми е што сум дел од оваа манифестација и упатувам повик до сите генерации да дојдат на одлична забава“, изјави Митов.

Музичката програма ќе ја збогати и Мишел Трајковски, кој најави атмосфера на отворено дружење:

„Убаво е кога музиката излегува од салите и клубовите и станува дел од градскиот простор. Кога ќе се спојат музика, гастрономија и традиција, се создава чувство на заедништво што природно ѝ прилега на оваа приказна.“

Организаторите очекуваат „Нож и виљушка на европска чинија“ да понуди уникатно доживување во кое европската култура, македонската традиција, музиката и гастрономијата ќе се спојат во отворена и пријатна атмосфера за сите генерации.

Настанот ќе се одржи на 9 мај 2026 година во Паркот на Франкофонијата, со поддршка од Општина Центар и е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

…

Related Posts

Повеќе скопски населби утре ќе бидат без струја

11.08.2026

Повеќе улици во Скопје утре ќе бидат без струја

10.08.2026

Голем пожар над Чифлик ставен под контрола, спречено ширење кон боровата шума на Водно

10.08.2026

Голем пожар кај Сопиште: Три „ер трактори“ се вклучија во гаснењето, гори нискостеблеста шума

08.08.2026

Храбри минувачи спасија жена од реката Вардар кај Камениот мост

07.08.2026

Регистрирани седум нови случаи на Западнонилска треска во Скопје

07.08.2026

Препорачани Вести

Венецуела бара итен доказ за живот на Мадуро и сопругата по апсењето од САД

7 месеци ago

Полициска акција во Скопје – Уапсени две лица

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Ова се првите симптоми на западнонилската треска – кога треба да се побара лекарска помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Македонија има потенцијал за нови авиолинии, туристички аранжмани и инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува Богородичниот пост – МПЦ го објави типикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во делови од Скопје прогласена епидемија од западнонилска треска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.