петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Разбиена мрежа за шверц на медицински препарати: Уапсена сопственичка на салон за убавина

by Redakcija
06.05.2026
in Црна Хроника
Извор: Царинска Управа

На граничниот премин Табановце е откриен случај на организиран обид за шверц на медицински и козметички препарати кои, според надлежните, можеле сериозно да го загрозат здравјето на граѓаните. Во акцијата на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа се лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина.

Сомнежите за нелегална дистрибуција започнале откако при влез во државата било запрено комбе подложено на детална царинска контрола. Во возилото, внимателно скриени меѓу чаршафи за постелнина, биле пронајдени 535 вијали со препарати за слабеење, како и илјадници етикети со ознаки „TIRZ 2,5 мг“ и „TIRZ 5 мг“.

Истрагата утврдила дека возилото било следено од мобилен царински тим сè до моментот на предавање на пратката, каде што била извршена интервенција и приведување на осомничената сопственичка во моментот на наводна исплата.

По налог на јавен обвинител, бил извршен и претрес во нејзиниот козметички салон. Таму инспекторите откриле дополнителни количини на недокументирани производи, меѓу кои дермални филери, средства за нивно разградување, препарати за намалување масни наслаги, за обликување на лицето, измазнување брчки и третмани за подмладување.

Според првичните наоди, пронајдените производи немале никаква документација за безбедност, потекло или законски увоз, а постојат сомневања дека дел од нив биле активно користени и рекламирани во третмани на клиенти.

Против сите инволвирани лица е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, за сомнежи поврзани со шверц и производство, како и пуштање во промет на штетни средства за лекување.

Од Царинската управа порачуваат дека контролите ќе продолжат со засилен интензитет, со цел заштита на јавното здравје, и предупредуваат дека секое незаконско постапување ќе биде строго санкционирано.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

22.10.2026

Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

22.10.2026

Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

22.10.2026

Кредити на туѓо име – Паднаа пет банкари за штета од над 12 милиони денари

22.10.2026

Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

21.10.2026

Полицаец осомничен дека им „прогледал низ прсти“ на возачи кои возеле над 150 км/ч

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ЕУ воведе нов пакет санкции против Русија: Стигна реакција од Москва

ЕУ воведе нов пакет санкции против Русија: Стигна реакција од Москва

6 месеци ago

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ ВО СОВЕТОТ НА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА ОПШТИНА БИТОЛА

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Се разведувате, но кому му припаѓа станот? Како се делат имотот, кредитите и заедничката заштеда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велешаните Тахов и Миров извозеа на велосипед 2.700 км околу Јадран за 27 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.