среда, мај 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Адвокатот Туфегџиќ за Newsmax Balkans: Преширокото обвинение за „Пулс“ ја оддалечува правдата од вистинската одговорност

by Redakcija
09.05.2026
in Македонија

Трагедијата во „Пулс“ повторно го привлекува вниманието на регионалните медиуми, но сега дилемата е како правосудниот систем се справува со судење во кое обвинението повеќе личи на обид за општо расчистување со системски пропусти, отколку на прецизно утврдување индивидуална вина за конкретна трагедија. Поранешниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ за Newsmax Balkans укажува дека кога во еден предмет се ставаат луѓе од различни институции, функции и временски периоди, а дел од дејствијата што им се ставаат на товар се однесуваат на други објекти и други околности, постои сериозен ризик процесот да се претвори во правно растегната конструкција, наместо во пат кон вистинска одговорност.

Според Туфегџиќ, без преиспитување на обвиненијата не може да се очекува праведно и законито решение. Неговата позиција е дека трагедијата во „Пулс“ бара сериозна институционална и судска одговорност, но таа мора да биде прецизна, докажлива и поврзана со конкретниот настан. Во спротивно, постои ризик големиот предмет да стане премногу широк за да донесе јасна правда.

„Овој судски процес е процес кој треба да покаже колку сме зрели и колку сме одговорни. Сите ние сме на некој начин на испит. Независно дали се работи за веќе започнатиот голем предмет ‘Пулс’ или за предметот против полициските службеници, тој треба да донесе праведно, законито и рационално решение со кое ќе биде задоволена правдата“, посочува Туфегџиќ.

Туфегџиќ оценува дека се добива впечаток оти прво се одело кон отворање предмет „по секоја цена“, а потоа кон барање кој е виновен и кој треба да сноси одговорност.

„Мислам дека се тргнало прешироко во решавање на системските пропусти, а не во она што значи реална слика на денот на трагедијата и утврдување на факти кои се однесуваат на конкретниот настан. Доколку обвинителниот акт е преширок и ги опфаќа поранешните министри, функционери, градоначалници и инспектори, тоа е цела група на луѓе каде што е многу тешко да се утврди било каква одговорност поради временската дистанца од 10-12 години“, вели Туфегџиќ.

Таквиот пристап, како што оценува, го оддалечува процесот од суштинското прашање: кој со свое конкретно дејствие или пропуст придонел за трагичниот исход.

„Јавноста треба да знае дека на добар дел од тие луѓе што седат на обвинителна клупа им се става на товар кривично дело ‘тешки дела против општата сигурност’, а реално тие, и да потпишале нешто, потпишале лиценци за сосема друг објект кој нема никаква поврзаност со објектот каде што се случила трагедијата“, вели Туфегџиќ.

Во интервјуто тој прави и паралела со швајцарскиот пристап во случајот со трагедијата во Кран Монтана. 

„Швајцарската влада делегираше свој претставник, искусен човек, за изнаоѓање праведно и рационално решение. Швајцарското обвинителство тргна со правна квалификација ‘убиство од небрежност’, што значи дека настанот се случил иако никој не сакал да дојде до тоа. Кај нас, пак, се зборува за корупција која траела повеќе од една деценија“, вели адвокатот.

Туфегџиќ се осврнува и на предметите против полициските службеници, оценувајќи дека ставањето акцент врз нив може дополнително да ја дефокусира јавноста од суштината. Според него, ако јавниот фокус се пренасочи кон споредни или паралелни постапки, постои ризик да се изгуби од вид главното прашање, а тоа е утврдување на вистинската причинско-последична врска за трагедијата.

Дополнителен проблем е јавната атмосфера во која се водат процесите. Туфегџиќ предупредува дека судницата не смее да стане простор во кој обвинетите се бранат и од обвинението и од јавната еуфорија. Според него, без рационален пристап не може да се очекува праведно решение.

„Бранителот во судницата мора да го брани обвинетиот и од еуфоријата која се создава во јавноста. Како општество немаме рационален пристап, а ако немате рационален пристап, тоа е многу лош знак за донесување праведно решение“, посочува тој.

Пораката на Туфегџиќ е дека правдата за „Пулс“ мора да се темели на докази, на јасна причинско-последична врска и на конкретен придонес на секој обвинет поединечно. Само така процесот може да води кон вистинска судска разврска, наместо кон уште едно институционално разочарување.

 ….

Related Posts

Важно известување од МВР!

13.05.2026

Николоски: „8-ми Септември“ прераснува во најмодерна болница во Македонија

13.05.2026
Завршена модернизацијата на болницата „8-ми Септември“: Нови операциони сали, интензивна нега и лабораторија

Завршена модернизацијата на болницата „8-ми Септември“: Нови операциони сали, интензивна нега и лабораторија

13.05.2026
Мицкоски: СДСМ го изгуби идентитетот, ние сме промакедонска партија

Мицкоски: СДСМ го изгуби идентитетот, ние сме промакедонска партија

13.05.2026
Малолетниот велосипедист повикан во полиција и писмено предупреден по инцидентот на Водно

Малолетниот велосипедист повикан во полиција и писмено предупреден по инцидентот на Водно

13.05.2026

Македонија се подготвува за потенцијална криза со хантавирусот

13.05.2026

Препорачани Вести

Интерпол распиша црвена потерница по Меденица осуден на над 10 години затвор

3 месеци ago

УТРЕ ДЕЛ ОД ТЕТОВО ЌЕ БИДЕ БЕЗ СТРУЈА

5 дена ago

Популарни Вести

  • КАЗНИ ОД 55 ДО 120 ЕВРА ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ОД ВОЗИЛО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Силен ветер во Косово – камион за малку избегна превртување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа удар и за брзите кредити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дилемата конечно е решена – официјално соопштено дали животното фатено вчера е волк или куче!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Важно известување од МВР!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.