недела, јули 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Адвокатот Туфегџиќ за Newsmax Balkans: Преширокото обвинение за „Пулс“ ја оддалечува правдата од вистинската одговорност

by Redakcija
09.05.2026
in Македонија

Трагедијата во „Пулс“ повторно го привлекува вниманието на регионалните медиуми, но сега дилемата е како правосудниот систем се справува со судење во кое обвинението повеќе личи на обид за општо расчистување со системски пропусти, отколку на прецизно утврдување индивидуална вина за конкретна трагедија. Поранешниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ за Newsmax Balkans укажува дека кога во еден предмет се ставаат луѓе од различни институции, функции и временски периоди, а дел од дејствијата што им се ставаат на товар се однесуваат на други објекти и други околности, постои сериозен ризик процесот да се претвори во правно растегната конструкција, наместо во пат кон вистинска одговорност.

Според Туфегџиќ, без преиспитување на обвиненијата не може да се очекува праведно и законито решение. Неговата позиција е дека трагедијата во „Пулс“ бара сериозна институционална и судска одговорност, но таа мора да биде прецизна, докажлива и поврзана со конкретниот настан. Во спротивно, постои ризик големиот предмет да стане премногу широк за да донесе јасна правда.

„Овој судски процес е процес кој треба да покаже колку сме зрели и колку сме одговорни. Сите ние сме на некој начин на испит. Независно дали се работи за веќе започнатиот голем предмет ‘Пулс’ или за предметот против полициските службеници, тој треба да донесе праведно, законито и рационално решение со кое ќе биде задоволена правдата“, посочува Туфегџиќ.

Туфегџиќ оценува дека се добива впечаток оти прво се одело кон отворање предмет „по секоја цена“, а потоа кон барање кој е виновен и кој треба да сноси одговорност.

„Мислам дека се тргнало прешироко во решавање на системските пропусти, а не во она што значи реална слика на денот на трагедијата и утврдување на факти кои се однесуваат на конкретниот настан. Доколку обвинителниот акт е преширок и ги опфаќа поранешните министри, функционери, градоначалници и инспектори, тоа е цела група на луѓе каде што е многу тешко да се утврди било каква одговорност поради временската дистанца од 10-12 години“, вели Туфегџиќ.

Таквиот пристап, како што оценува, го оддалечува процесот од суштинското прашање: кој со свое конкретно дејствие или пропуст придонел за трагичниот исход.

„Јавноста треба да знае дека на добар дел од тие луѓе што седат на обвинителна клупа им се става на товар кривично дело ‘тешки дела против општата сигурност’, а реално тие, и да потпишале нешто, потпишале лиценци за сосема друг објект кој нема никаква поврзаност со објектот каде што се случила трагедијата“, вели Туфегџиќ.

Во интервјуто тој прави и паралела со швајцарскиот пристап во случајот со трагедијата во Кран Монтана. 

„Швајцарската влада делегираше свој претставник, искусен човек, за изнаоѓање праведно и рационално решение. Швајцарското обвинителство тргна со правна квалификација ‘убиство од небрежност’, што значи дека настанот се случил иако никој не сакал да дојде до тоа. Кај нас, пак, се зборува за корупција која траела повеќе од една деценија“, вели адвокатот.

Туфегџиќ се осврнува и на предметите против полициските службеници, оценувајќи дека ставањето акцент врз нив може дополнително да ја дефокусира јавноста од суштината. Според него, ако јавниот фокус се пренасочи кон споредни или паралелни постапки, постои ризик да се изгуби од вид главното прашање, а тоа е утврдување на вистинската причинско-последична врска за трагедијата.

Дополнителен проблем е јавната атмосфера во која се водат процесите. Туфегџиќ предупредува дека судницата не смее да стане простор во кој обвинетите се бранат и од обвинението и од јавната еуфорија. Според него, без рационален пристап не може да се очекува праведно решение.

„Бранителот во судницата мора да го брани обвинетиот и од еуфоријата која се создава во јавноста. Како општество немаме рационален пристап, а ако немате рационален пристап, тоа е многу лош знак за донесување праведно решение“, посочува тој.

Пораката на Туфегџиќ е дека правдата за „Пулс“ мора да се темели на докази, на јасна причинско-последична врска и на конкретен придонес на секој обвинет поединечно. Само така процесот може да води кон вистинска судска разврска, наместо кон уште едно институционално разочарување.

 ….

Related Posts

Недела носи дожд и грмежи: Можни локални невремиња по топлиот бран

11.07.2026

Драма над Македонија: Испукал прозорец на авион на Ryanair, патници преживеале вистински хорор

11.07.2026

Мицкоски: Продолжуваме со проекти што ќе го подобрат животот на охриѓани

11.07.2026

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра?

11.07.2026
Крај на пушењето за цела генерација: Во Британија, секој роден по 2008 нема да смее да купи цигари

Нов предлог: Пушење само во приватни клубови со платена членарина

11.07.2026

Летото не попушта – Денес температури до 37 степени

11.07.2026

Препорачани Вести

policija

Вишиот суд во Белград го отвора одново случајот на Владимир и Милјана Кецмановиќ

5 месеци ago

Путин ги активира нуклеарните сили: Русија префрли оружје во Белорусија

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ДУИ најавуваше масовен протест во Тетово, но маршот помина со слаба посетеност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Недела носи дожд и грмежи: Можни локални невремиња по топлиот бран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве колку чини гирото во Грција, растат цените и на сместувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата одзеде „БМВ“ во Тетово – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви капе климата по ѕидот среде најголемите горештини? Причината често е едноставна, а проблемот може да го решите за 5 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.