вторник, јули 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонските „Грин Машинс“ блеснаа на светскиот саем ИФАТ во Минхен

by Redakcija
10.05.2026
in Економија

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура.

На саемот, македонската компанија ги претстави своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена, рамо до рамо со водечки производители од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, САД и други земји.

Од „Грин Машинс“ посочуваат дека светскиот пазар сè повеќе бара разновидни и еколошки решенија, па затоа компанијата нуди возила со електричен, дизел и водороден погон, прилагодени на различните потреби на градовите и комуналните служби.

Успехот на БРАКО и „Грин Машинс“ се потврдува и преку извозните резултати. Дури 98 проценти од производството се пласира на странски пазари, во повеќе од 60 земји низ светот. Последната голема испорака беше реализирана во Саудиска Арабија, каде во главниот град Ријад беа испорачани 52 возила за одржување на урбаната хигиена.

„Грин Машинс Македонија“ веќе има воспоставено компании-ќерки во Обединетото Кралство, Холандија и САД, со што дополнително го зацврстува своето присуство на глобалниот пазар.

Учеството на ИФАТ уште еднаш потврди дека македонската индустрија може успешно да конкурира на светската сцена со иновативни, ефикасни и еколошки решенија.

….

Related Posts

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,04 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

14.07.2026

Обезбедени средства за два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство

14.07.2026

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

14.07.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,16 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

13.07.2026

Големо покачување на дизелот – Ова се новите цени на горивата

13.07.2026

БОЖИНОВСКА ОД ГЛОБОЧИЦА: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

14.07.2026

Препорачани Вести

Еве колку чини гирото во Грција, растат цените и на сместувањето

3 дена ago

15 Возачи уапсени и одземени автомобили низ државата, меѓу нив и двајца малолетници

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Софистицирана електронска измама: Велешка компанија остана без над 21 илјада евра

    Тетовец останал без 886 евра: Некој му ја злоупотребил картичката Италија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Вечна слава на хероите од Ножот, нивната жртва е симбол на непокорот и достоинството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Голем екран и одлична атмосфера за полуфиналето Франција – Шпанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Граѓаните добиваат бесплатни канти за селекција на отпад, 286 домаќинства веќе се вклучија во системот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во Старата скопска чаршија: Две лица приведени по пријава за закани со огнено оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.