четврток, јули 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Радовиш повторно ќе дише во ритамот на борењето

by Redakcija
13.05.2026
in Република

На 30 мај, градот ќе биде домаќин на јубилејното 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан што со децении е симбол на традиција, шампионски дух и спортска гордост.

Во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и Боречкиот клуб Бучим, годинашниот турнир ќе донесе натпреварувачи и гости од повеќе земји, а Радовиш повторно ќе стане место каде се среќаваат спортот, емоцијата и големата боречка традиција.

„Македонски бисер“ не е само турнир, тоа е приказна што трае 50 години. Приказна за генерации борци, за полни трибини, за спортски херои и моменти што остануваат засекогаш запаметени. А кога се зборува за македонското борење, невозможно е да не се спомене и Могамед Ибрагимов, човекот кој со бронзениот медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 го донесе првиот олимписки медал за Македонија како независна држава. Денес Ибрагимов ја продолжува шампионската приказна како спортски директор на Боречкиот клуб Бучим чија богатата историја е обележана и со врвните успеси од првите години на независноста, кога БК Бучим во 1995 година се искачи на светскиот, а во 1996 година и на европскиот боречки врв, оставајќи траен белег во македонскиот спорт.

Овогодишното, јубилејно издание на „Македонски бисер“ ќе обедини врвни домашни и меѓународни натпреварувачи во повеќе боречки категории и дисциплини, носејќи квалитетна и динамична спортска програма во текот на целиот ден. Турнирот ќе понуди натпревари на високо натпреварувачко ниво, со учество на искусни борачи, млади таленти и репрезентативци од повеќе земји, потврдувајќи го статусот на „Македонски бисер“ како еден од најзначајните боречки настани во регионот.

Повеќе информации за учесниците, програмата и дополнителните активности ќе бидат објавени наскоро.

….

Related Posts

Општина Прилеп: Испратени над 6.000 литри вода како помош за граѓаните на Гостивар

22.07.2026

Утре без струја повеќе места во Тетовско

22.07.2026
Прекин на водоснабдување на булевар „Илинден“ во Карпош поради дефект на цевка

Вонредно предупредување во Валандово: Водата од водоводот не е безбедна за пиење

22.07.2026

Општина Пробиштип: Повик до граѓаните за пријава на штети од невремето

22.07.2026

Општина Прилеп со итен апел: Бидете внимателни поради најавеното невреме

22.07.2026

Делови од Тетово, Брвеница и други тетовски села утре ќе бидат без струја

21.07.2026

Препорачани Вести

ВРЕМЕТО НЕ ПОПУШТА: Нов бран дожд, снег и ветер – температурите остануваат ниски!

4 месеци ago

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на апелацискиот судија: Јавното обвинителство ја шири истрагата за корупција

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Прилеп: Испратени над 6.000 литри вода како помош за граѓаните на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп испрати остра порака до Иран – Ќе има силен американски одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невреме со трагични последици во Албанија: Две лица загинаа, тројца се повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје, возачот избегал од местото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата апсеше во Скопје – приведени четири лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.