понеделник, август 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Родителите ќе плаќаат 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

by Redakcija
15.05.2026
in Македонија
Родителите ќе плаќаат 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

Насилството во училиштата веќе нема да завршува само со педагошки мерки и укори. Владата подготвува законски измени со кои директна одговорност ќе сносат и родителите, и тоа преку парични казни од 250 евра за секој случај на насилно однесување што ќе го направи нивното дете.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска потврди дека измените на Законот за основно образование се во завршна фаза и веќе се усогласуваат во Собранието. Според неа, санкцијата нема да се применува само кога ученикот ќе изврши насилство, туку и во ситуации кога родителите одбиваат комуникација и соработка со училиштата, стручните служби или институциите.

„Останува казната од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции“, изјави Јаневска, посочувајќи дека државниот секретар веќе работи со пратениците на финализирање на законските решенија.

Предлог-измените доаѓаат во период на силна вознемиреност во јавноста по серијата тешки инциденти меѓу ученици. Особено шок предизвика случајот во скопската населба Ченто, каде деветтоодделенец беше избоден со нож од поранешен ученик и се бори за живот. Дополнителен револт предизвика и насилството во Ѓорче Петров, каде група деветтоодделенки безмилосно нападнаа шестоодделенка.

Во Министерството оценуваат дека досегашните механизми не даваат резултати и дека е неопходна поостра политика која ќе ја вклучи и одговорноста на семејството. Новите измени, според најавите, треба да испратат јасна порака дека игнорирањето на проблемот или избегнувањето соработка повеќе нема да поминува без последици.

…

Related Posts

(ВИДЕО) ОГРОМНИ КОЛОНИ НА ЕВЗОНИ: За влез во Македонија се чека и повеќе од три часа

(ВИДЕО) ОГРОМНИ КОЛОНИ НА ЕВЗОНИ: За влез во Македонија се чека и повеќе од три часа

30.08.2026
Заврши големата потрага на Шар Планина: Исчезнатата планинарка пронајдена жива и во добра состојба

Заврши големата потрага на Шар Планина: Исчезнатата планинарка пронајдена жива и во добра состојба

30.08.2026

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“

30.08.2026
(ВИДЕО) 28 тони вода врз жариштата на Пелистер: Армиски Ми-8МТ три часа го гаснеше пожарот

(ВИДЕО) 28 тони вода врз жариштата на Пелистер: Армиски Ми-8МТ три часа го гаснеше пожарот

30.08.2026

ВЛЕН до ДУИ: Проектите што ги најавувавте со години денес се градилишта

30.08.2026
Родени 19.031, запишани во прво одделение само 14.500: Каде се повеќе од 4.500 деца од генерацијата 2020?

Родени 19.031, запишани во прво одделение само 14.500: Каде се повеќе од 4.500 деца од генерацијата 2020?

30.08.2026

Препорачани Вести

Акции како најмоќно оружје против инфлацијата: Прогнози за 2026 година

7 месеци ago

Русија и Кина се вмешани во конфликтот со Иран! Дали кризата се претвора во глобален судир?

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ДИЗЕЛОТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОЕВТИНУВА : Од полноќ нови цени на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 3.000 евра казна за Србинот кој двапати возел над 160 км/ч кај Демир Капија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка рано утрово во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поминал 40 години работејќи во Германија и сега открива колкава пензија го чека: Балканците се прашуваат дали се исплати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Песков: Поразот на Украина е сè поблизу – Киев го разбира тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.