вторник, јули 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ФБИ удри по „трампџиите“ од Велес: Лажни картички, милионски измами и обвиненија во САД – Им се закануваат до 20 години затвор

by Уредник
15.05.2026
in Македонија, Црна Хроника

Американското Министерство за правда поднесе прво обвинение поврзано со измамите со лажни „Трамп“ картички, монети и финансиски производи кои, според американските власти, биле креирани и продавани од лица од Велес.


Обвинети се 25-годишниот Горан Спиридонов и 39-годишната Кристина Јанева од Велес, кои се товарат за измама на голем број американски граѓани преку лажни инвестиции и финансиски производи поврзани со името на американскиот претседател Доналд Трамп.


Според соопштението на Министерството за правда на САД, истрагата ја воделе обвинител од Њујорк и истражител од ФБИ, а обвинетите се гонат за заговор за измама, електронска измама и тешка кражба на идентитет.
Американските власти наведуваат дека делата носат максимална казна до 20 години затвор, додека за тешката кражба на идентитет е предвидена и задолжителна двегодишна затворска казна.


Според истрагата, Спиридонов и Јанева заедно со други лица во 2023 година продавале лажни „Трамп“ картички преку канали на Телеграм и преку онлајн платформата „Marketplace 1“. Во рамки на шемата бил создаден и лажен банкарски систем наречен „ТРБ“. Обвинетите, според американските власти, ги убедувале поддржувачите на Трамп дека со купувањето на овие картички финансиски ќе ја помогнат неговата претседателска кампања и дека картичките содржат десетици или стотици илјади долари кои ќе можат да ги подигнат по изборната победа на Трамп.


„Сите овие изјави се лаги. Производите на „Трамп Бакс“ се безвредни; не можат да се заменат во ниедна банка; и немаат никаква поврзаност со претседателот Трамп, членовите на неговото семејство или членовите на неговата администрација“, стои во соопштението на американското Министерство за правда.
Во него дополнително се наведува дека обвинетите се гонат за заговор за вршење измама и измама по електронски пат, како и за тешка кражба на идентитет.


Случајот повторно го актуализира Велес како центар на интернет измами поврзани со американската политика. Уште во 2016 година градот стана светски познат по мрежата на сајтови со лажни вести кои објавуваа содржини во корист на Доналд Трамп за време на американските избори.
Подоцна, по згаснувањето на тие веб-страници, дел од активностите се префрлија на Телеграм канали, поради што во јавноста се појави терминот „телеграмџии“.
Радио Слободна Европа на македонски јазик уште во февруари 2024 година објави истражување во кое беа посочени околу 70 лица од Велес поврзани со продажба на лажни „Трамп“ картички и финансиски измами насочени кон американски државјани.


По објавувањето на истражувањето, било отворено и предмет во македонското Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но постапката никогаш не добила конечен епилог.
Сега и од МВР и од обвинителството потврдуваат дека биле контактирани од американските истражители и дека ги доставиле потребните информации. Засега нема информации дали САД побарале меѓународна потерница за двајцата обвинети.


По објавувањето на истрагите, дел од интернет страниците и каналите преку кои се вршеле измамите почнале да се гасат.

Линк до Министерство за правда на САД

Related Posts

Почина маж кој пред неколку дена паднал од тераса во Миладиновци

13.07.2026

Полицијата распиша меѓународна потерница – Се бара ова лице

13.07.2026

Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во „Пулс“, тврди вештакот Марковски

13.07.2026

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност

13.07.2026

Полицијата со нова акција: Седуммина лишени од слобода поради дрога

13.07.2026

Тетовчанец со „мерцедес“ летал 179 км/ч: Полицијата го запре и му го одзеде возилото

13.07.2026

Препорачани Вести

Градоначалникот Јовановски на терен: Кичево добива подобра патна инфраструктура

3 месеци ago
12 вработени во холандска болница во карантин поради сомнеж за изложеност на хантавирус

12 вработени во холандска болница во карантин поради сомнеж за изложеност на хантавирус

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Почина маж кој пред неколку дена паднал од тераса во Миладиновци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Скопје утре ќе остане без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Тетово и голем дел од Тетовско утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија „седи“ на злато: Австралиска компанија откри наоѓалиште на вредни метали на Бобија кај Љубовија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со шокантна најава: „Америка го презема Ормускиот теснец“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.