сабота, јули 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Тошковски најави жестока акција против дивеењето со мотори: „Ќе останат без мотори и без можност да глумат моторџии“

by Уредник
15.05.2026
in Македонија, Република

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги казни за возачите на мотори кои со голема брзина, без кациги и со опасно возење ги загрозуваат граѓаните во урбаните средини.


На денешната прес-конференција организирана во рамки на заедничката кампања за безбедност во сообраќајот со А1 Македонија, Тошковски порача дека МВР во наредниот период ќе биде целосно фокусирано на санкционирање на несовесните мотоциклисти.


Тој нагласи дека мерките нема да се однесуваат на вистинските моторџии кои ги почитуваат сообраќајните правила, туку на оние кои, како што рече, „глумат моторџии“ и со опасно однесување предизвикуваат ризик по безбедноста.


„Најавувам дека за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвено светло, го креваат моторот на едно тркало и мислат дека камерите на ‘Безбеден град’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини“, изјави Тошковски.


Министерот употреби и остар речник во пораката до несовесните возачи, потенцирајќи дека институциите ќе реагираат без компромис.
„Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме. Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, порача Тошковски.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека акцијата ќе биде насочена кон возачи кои управуваат мотори со екстремна брзина, минуваат на црвено светло, возат без заштитна опрема и изведуваат опасни маневри по улиците.


Во фокусот ќе бидат и системите за видео надзор во рамки на проектот „Безбеден град“, преку кои, според МВР, ќе се детектираат прекршителите во повеќе градови низ државата.


Последниве месеци граѓаните сè почесто реагираат на дивеење со мотори низ улиците, особено во вечерните часови, кога во повеќе градови се регистрирани опасни трки, возење на едно тркало и минување со голема брзина низ населени места.

Related Posts

Гори тешко пристапен терен – ер трактори повторно активирани

04.07.2026

На Инфективната клиника потврдени два случаи на Западнонилска треска

04.07.2026

Тоневски: Лесновската ликовна колонија е културен амбасадор на Пробиштип

04.07.2026

Мицкоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, интензивно се работи на клучните делници

04.07.2026

ВИДЕО: Трет пожар попладнево во Штип, евакуирани работници од Штипската млекара

03.07.2026

Археолошки сензации кај битолско Црнобуки: Откриени над 400 монети, меѓу нив и со ликовите на Филип Втори и Александар Велики

03.07.2026

Препорачани Вести

Временска прогноза: Денес не очекува променливо облачно време со можен слаб дожд во западните делови на Македонија

4 месеци ago

Нов закон за природата на јавна расправа: Министерот најави широка дебата

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Зеленски објави видео-порака по повод четвртата годишнина од инвазијата врз Украина

    Дали Путин ќе се сретне со Зеленски? Киев испрати покана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филмско апсење во Србија – Падна еден од најголемите криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Санкт Петербург во пламен – Масовен украински напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во популарен синџир за кебаб: Наместо месо набавувале маснотии и кожа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански готвач ја откри грешката што речиси сите ја прават при варење тестенини: Поради неа вкусот никогаш не е совршен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.