недела, мај 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Детали за убиството кај Сарај: Таткото пријавил дека синот му признал, побаран 48-часовен притвор

by Уредник
17.05.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Скопје побара краткотраен притвор од 48 часа за 19-годишник од скопското село Бојане, осомничен за убиството на 18-годишно момче од истото село, чие тело беше пронајдено во шумски предел во околината на Сарај.


Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело „Убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Од ОЈО информираат дека јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на трагите, оружјето и споредбени анализи поврзани со случајот.


„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото“, соопштија од обвинителството.


Истрагата сè уште е во тек, а од Обвинителството посочуваат дека постои опасност од бегство, влијание врз сведоци, прикривање траги, како и можност осомничениот да повтори кривично дело, поради што е побаран краткотраен притвор до формално отворање на истрагата.
Според информациите од СВР Скопје, 19-годишникот бил уапсен на 17 мај околу 00:50 часот во Бојане.
На телефонската линија 192 претходно се јавил неговиот татко, кој пријавил дека синот му признал оти на 15 мај со пиштол го усмртил 18-годишниот Б.Д. во шумски предел кај Сарај.
По пријавата, полицијата го лишила од слобода осомничениот, а биле пронајдени и телото на жртвата и пиштолот за кој се сомнева дека бил употребен при убиството.


По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Related Posts

ХАОС ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ: Аларми одекнуваа низ молот, посетителите итно евакуирани

17.05.2026

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово и Челопек, но си заминале!

17.05.2026

Пукање во Скопје – Полицијата интервенирала

17.05.2026

(ВИДЕО) Морничава сцена во Белград: Во Сава пронајдено тело на млад маж во фаза на распаѓање

17.05.2026

НОВИ ДЕТАЛИ за убиството кое го потресе Скопје

17.05.2026

Убиство во Скопје – пронајдено тело на 18 годишно момче, убиецот е уапсен!

17.05.2026

Препорачани Вести

Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер – кривична за главен пилот во МВР

3 месеци ago

Муцунски го осудува ракетниот напад кон Турција: Македонија стои до својот НАТО сојузник

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ХАОС ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ: Аларми одекнуваа низ молот, посетителите итно евакуирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали за убиството кај Сарај: Таткото пријавил дека синот му признал, побаран 48-часовен притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под слоганот „Сите нека знаат“: На 20 јуни ќе се одржи Парадата на гордоста во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Погледнете колку се моќни авионските мотори – туристите на Махо бич буквално беа подигнати од плажа и  оттурнати од ударот при полетување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово и Челопек, но си заминале!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.