понеделник, мај 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Заедно со УКЛО и „Комуналец“ ја чистиме дивата депонија во старата касарна

by Redakcija
18.05.2026
in Република

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ заедно со ЈП „Комуналец“ денеска ја чистеа дивата депонија кај еден од објектите на универзитетот. Таму беше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој апелираше до граѓаните да бидат одговорни кон средината во која живееме.

Ректорот Игор Неделковски изрази благодарност до градоначалникот на Битола и ЈП „Комуналец“ бидејќи одговорија на нивната молба околу чистењето на дел од објектите на универзитетот.

„Пред се Студентскиот информативен центар, а тука е и нашиот Правен факултет. Бидејќи состојбата во овој регион сите ја знаеме, беше дива депонија, имаше голема обрасната вегетација, ние со нашите студенти немавме капацитет тоа да го средиме, бидејќи потребна е професионална поддршка со механизација и без збор на нашиот прв состанок веднаш излегоа во пресрет“ рече ректорот Неделковски.

Од утрово екипите на „Комуналец“ со поддршка на студенти и професори чистеа околу овие објекти.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кажа дека заедно со универзитетот решиле да продолжат со акциите за почиста Битола и во овој регион.

„Ова е трет или четврт пат откако јас сум градоначалник на Битола како се чисти ова место овде. Се вклучија тука и професорите и студентите, на нивна иницијатива беше и не застануваме овде, наредните денови ќе продолжиме и во студентскиот парк во непосредна близина. Кажав и претходно, знаете системот ние го градиме. Ако самите не поработиме на свеста и едноставно да разбереме дека постојат места каде што треба да се депонира, а не кој каде што ќе стигне“ рече градоначалникот Коњановски.

Тој кажа дека овде се прави улицата СРУ 3 во непосредна близина и ќе биде осветлен овој дел од градот, донесени беа и садници кои ќе се засадат и ќе имаме поубава средина.
Директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски кажа дека се врши заедничко чистење на овој простор и дека ова не е прва акција тука.

„Во изминатиот период од четири години многу пати тука имаме чистено, но истото се повторува од дел од несовесни граѓани, мала група која прави малку поголеми проблеми и еве денес до сега има пет камионски тури исчистено, тоа во превод значи околу 40 метри кубни смет“ рече Степановски.

Тој изрази надеж дека ова ќе биде последно чистење на оваа дива депонија и дека свеста на граѓаните ќе проработи.

…

Related Posts

Тоневски: Започна асфалтирањето на патот до село Кундино, следи целосна реконструкција

18.05.2026

Едногласна поддршка за ракометната платформа: Советот на Битола го усвои предлогот на Бојкоски

18.05.2026

Општина Прилеп: Илјадници посетители уживаа на „Денови на Крали Марко“ и концертот на „Мизар“

18.05.2026

ФОТО ШТО ГИ ВООДУШЕВИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Вака изгледал Охрид пред 109 години

17.05.2026

Проданоски: Традицијата и заедништвото се чуваат преку празниците и духовните вредности

17.05.2026

IN MEMORIAM: Почина поранешниот пратеник и лекар д-р Јордан Пачков

17.05.2026

Препорачани Вести

Блок-трансакции од 134,08 милиони денари ја обележаа сликата – најголем блок кај ЗОИЛ Македонија (104,88 милиони денари)

2 месеци ago

(ВИДЕО) Кучињата почнаа, газдите ја завршија – луда улична тепачка помеѓу кучиња и нивните сопственици

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

    Ryanair очекува стабилни цени на билетите во пикот на летната сезона

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу малолетници во Аеродром: Користен тврд предмет, повреден и возрасен кој интервенирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Продолжуваат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица и фирма осомничени за даночно затајување од над 7,4 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,03 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.