понеделник, мај 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

(ВИДЕО) Летаа шамари и боксови на протестот на албанските студенти во Скопје – полицијата приведе тројца

by Уредник
18.05.2026
in Скопје, Црна Хроника

Тензиите на протестот за полагање на правосудниот испит на албански јазик во Скопје ескалираа во физичка пресметка, по што полицијата приведе три лица.


Според информациите, за време на протестот дошло до инцидент меѓу неколку учесници, при што имало шамари, боксови и влечење по облека. На снимките и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи може да се забележи како едно лице останува со искината маица по тепачката.


Од полицијата засега нема детални информации за причините за конфликтот, но потврдено е дека три лица биле приведени по нарушувањето на јавниот ред и мир.


Протестот беше организиран поради барањето правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, иницијатива која во последните месеци предизвика силни политички реакции и поделби во јавноста.


На протестите претходно учествуваа студенти и поддржувачи од повеќе албански организации и политички структури, кои тврдат дека станува збор за право загарантирано со Законот за употреба на јазиците. Од друга страна, од Министерство за правда досега остануваат на ставот дека актуелниот закон не дозволува правосудниот испит да се полага на албански јазик.


Прашањето веќе подолг период предизвикува судири меѓу албанските политички блокови, но и остри дебати меѓу власта и опозицијата. Во изминатиот период беа организирани повеќе протести и маршеви низ Скопје, а дел од организаторите претходно биле повикани и на информативни разговори во полиција.


Инцидентот денеска дополнително ја вжешти атмосферата околу ова чувствително прашање, а на социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од тепачката и полициската интервенција.

ВИДЕО ИЗВОР: INFOMAX

Related Posts

Хрват починал по слошување во кафеана во Неготино, нема обдукција ниту одговор од што умрел

18.05.2026

Тепачка меѓу малолетници во Аеродром: Користен тврд предмет, повреден и возрасен кој интервенирал

18.05.2026

Крвав инцидент во Кисељак: 54-годишник пукал во сопругата и нејзината мајка

18.05.2026

Пукање по недоразбирање за паркинг: Приведен 73-годишник

18.05.2026

Делови од Скопје денес без струја и вода

18.05.2026

48-часовен притвор за 19-годишникот од Бојане: Таткото пријавил дека му признал за убиството

17.05.2026

Препорачани Вести

Интервју на министерката Божиновска за Капитал: Со новиот Закон за енергетика создаваме предвидлив амбиент за големи инвестиции

4 месеци ago

Зголемен сообраќај кон Грција за Први мај: Најголеми гужви се очекуваат на Евзони и Дојран

3 недели ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Летаа шамари и боксови на протестот на албанските студенти во Скопје – полицијата приведе тројца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дурмиши: ДУИ 20 години манипулирала со албанскиот јазик, правосудниот испит ќе биде и на албански

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски дрон погоди кинески брод во Црно море – растат тензиите пред средбата Путин – Си Џинпинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО ШТО ЈА ПОЛУДЕ ЕВРОПА: Погледнете како победничката на Евровизија блескала уште на 16 години во „X Factor“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрват починал по слошување во кафеана во Неготино, нема обдукција ниту одговор од што умрел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.