сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Историски чекор од Ватикан: Папата Лав XIV побара прошка за улогата на Светата столица во легитимирањето на ропството

by admin
25.05.2026
in Свет

Папата Лав XIV упати историско извинување за улогата што Светата столица ја имала во легитимирањето на ропството, признавајќи дека Ватикан со векови не успевал јасно да го осуди овој систем. Тој минатото на Католичката црква го опиша како „рана во христијанското сеќавање“, во потег што веќе се оценува како преседан во историјата на современото папство.

Иако претходни папи во повеќе наврати изразувале жалење за учеството на христијаните во трансатлантската трговија со робови, ова е првпат еден папа директно да ја признае и да се извини за улогата на самата Света столица и за историските одлуки на неговите претходници, кои во минатото им давале овластувања на европските владетели да ги потчинуваат и поробуваат оние што биле сметани за „неверници“.

Извинувањето беше содржано во првата енциклика на новиот поглавар на Римокатоличката црква, насловена „Magnifica Humanitas“ („Возвишена хуманост“), објавена во понеделникот.

Папата Лав XIV, кој е првиот папа роден во Соединетите Американски Држави, отвори и пошироки прашања поврзани со современите облици на експлоатација и зависност во ерата на вештачката интелигенција. Во документот тој предупредува дека човештвото денес се соочува со „нови форми на ропство и колонијализам“, поврзани со технолошкиот развој.

Како пример ги посочува нерегулираните работни услови и експлоатацијата на луѓе во процесот на ископување ретки минерали потребни за производство на чипови и развој на системи базирани на вештачка интелигенција.

Во своето обраќање папата нагласува дека страдањата на милиони луѓе низ историјата претставуваат болна спротивност на човечкото достоинство.

„Невозможно е да не се почувствува длабока тага кога се размислува за неизмерното страдање и понижување што го претрпеа толку многу луѓе, што е во целосна спротивност со нивното немерливо достоинство како личности бескрајно сакани од Господ. За ова, во името на Црквата, искрено барам прошка“, напиша папата Лав XIV.

Со овој чекор тој одговори на долгогодишните повици на афроамерикански католици, активисти и историчари, кои со години бараа Светата столица да преземе одговорност за сопствената историска улога во трговијата со робови за време на колонијалната ера.

Оваа изјава веќе предизвика силни реакции низ светот и се смета за една од најзначајните пораки на Ватикан во поновата историја.

Related Posts

Трамп го објави договорот за Гренланд: „Ова е остварување на сон за САД“

19.09.2026

Новиот потег на Трамп против Русија: санкции за поддржувачите на Путин

19.09.2026

Кој ќе нè лекува? СЗО предупредува на голем недостиг на здравствени работници

19.09.2026

Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

18.09.2026

Американската војска се повлекува од Европа? Пентагон разгледува голем план

18.09.2026

Цените на бензинот во Германија уриваат рекорди: Литарот стигна над 3 евра

17.09.2026

Препорачани Вести

Федералците на протестот во Минеаполис убиле медицински техничар кој држел телефон, а не пиштол!

8 месеци ago

Неверојатен настан: Морето во Грција исфрли хашиш вреден 320.000 евра на плажа на Родос

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Мислела дека инвестира во нафта, а останала без повеќе од 200.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп го објави договорот за Гренланд: „Ова е остварување на сон за САД“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот потег на Трамп против Русија: санкции за поддржувачите на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе нè лекува? СЗО предупредува на голем недостиг на здравствени работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Промена на правилата на скопскиот аеродром за ограничувањето „Hug & Fly“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.