среда, мај 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Тоневски: Младите покажаа дека се двигател на позитивни промени во Пробиштип

by Redakcija
27.05.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски истакна дека младите имаат капацитет, идеи и енергија да бидат активен фактор во развојот на општината, по реализираната активност „Градоначалник на еден ден“, на иницијатива на Локалниот младински совет.

Во рамки на активноста, градоначалничката функција симболично ѝ беше доверена на Михаела Ѓоргиева, ученичка во прва година во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип.

Заедно со неа биле одржани работни средби со раководителите на општинските одделенија, како и состанок со претставник на ветеринарните амбуланти, на кој се разговарало за контролата на популацијата на домашните и бездомните животни и можностите за општинска поддршка.

Во текот на денот бил извршен и увид во тековните градежни активности на неколку локации во градот, а дел од програмата вклучувала и присуство на седница на Советот на Општина Пробиштип, каде се разгледувале и носеле одлуки поврзани со локалниот развој.

Тоневски нагласил дека ваквите активности се важни за доближување на работата на локалната самоуправа до младите, како и за нивно поттикнување поактивно да се вклучат во процесите на одлучување.

Тој се заблагодарил на Локалниот младински совет и на сите пријавени учесници, истакнувајќи дека општината останува отворена за нивните идеи и предлози.

….

Related Posts

Проданоски: Годишниот концерт на Музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ потврда за младите таленти во Прилеп

27.05.2026

Еве каде во Тетово утре ќе нема струја

27.05.2026

Комуналец – Прилеп: Се унапредува системот за селекција на електричен, текстилен и стаклен отпад

27.05.2026

Нови инвестиции и развојни проекти во Хотел „Молика“ и Ски центарот „Копанки“

27.05.2026

Коњановски: Битола станува атрактивна дестинација за инвестиции и економски развој

27.05.2026

Општина Битола: Отворен ден за идните средношколци под мотото „Твој избор – твоја иднина“

27.05.2026

Препорачани Вести

Затворен еден од најпознатите хотели во светот: Почнува реконструкција 

1 месец ago

29 годишен Македонец осуден на 5 години затвор во Швајцарија – судот излезе со детали

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Годишниот концерт на Музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ потврда за младите таленти во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензии во Австралија за (не)употребата на Северна (Македонија)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Младите покажаа дека се двигател на позитивни промени во Пробиштип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За непочитување на еден знак, Грците одземаат возачка дозвола и пишуваат казна од 350 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово избегната голема трагедија – Заталкан куршум пробил кров на ауди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.