недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Обвинителството изведува материјални докази: Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“

by Redakcija
28.05.2026
in Македонија

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска продолжува во судницата во „Идризово“ со изведување материјални докази од страна на Обвинителството.

Во фокусот на денешното рочиште се очекува да бидат видео снимки и фотографии поврзани со клубот, како од критичната ноќ, така и од неговото работење во претходните години. Овие докази претставуваат дел од пошироката слика што обвинителите се обидуваат да ја воспостават за условите и настаните што довеле до трагедијата.

На претходните рочишта веќе беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството, а пред судот беа презентирани и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина. Тие ги утврдуваат причините за смртта на жртвите, додека дополнително беше изведена и медицинска документација за повредените кои по пожарот побарале итна помош. Во тој контекст беше сослушан и директорот на Институтот, Александар Станков.

Пожарот избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на државата.

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим составен од 15 јавни обвинители, кои настојуваат да ги реконструираат околностите што доведоа до масовната несреќа.

…

Related Posts

Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

20.09.2026

Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

19.09.2026

Голема промена на МРТ 3: Третиот канал добива нов концепт и нова публика

19.09.2026

Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

18.09.2026

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

18.09.2026

Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

19.09.2026

Препорачани Вести

Детали за запленетите 5000 килограми марихуана во Србија: дрогата била набавена во Македонија – трагите водат до компанијата Алфафарм

8 месеци ago

Обид за убиство на млада жена во Македонија

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 СЕПТЕМВРИ: Еден знак денес ќе блесне, друг го очекува судбоносна средба – проверете што ви носи неделата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир за ноемвриските празници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Речиси 20 години стари автомобили се возат по македонските патишта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Месечината откриен огромен нов кратер: Ударот се случил во 2024 година, а никој не го забележал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.