вторник, август 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Судот одреди 30-дневен притвор за Возачот на „Аудито“ кој под дејство на дрога ја предизвика кобната несреќа на пластичарска

by Уредник
31.05.2026
in Македонија, Црна Хроника

Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на возачот на автомобил „Ауди“, кој беше учесник во тешката сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“, во која трагично загина 19-годишен мотоциклист.


Мерката притвор е донесена по предлог на надлежен јавен обвинител, кој против осомничениот веќе отвори истражна постапка за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.


Според информациите од Обвинителството, првичната истрага покажала дека возачот на „Аудито“ во моментот на несреќата бил под дејство на наркотични средства. Несреќата се случила кога осомничениот, движејќи се по булеварот, се обидел да сврти лево преку двојна полна линија на крстосница, со што директно ги прекршил сообраќајните правила и го загрозил јавниот сообраќај.


Од обвинителството посочуваат дека со ваквото однесување тој свесно создал опасност за останатите учесници во сообраќајот, што резултирало со трагични последици и загуба на човечки живот.
Во судирот животот го загуби 19-годишен мотоциклист, кој починал како последица на тешките повреди здобиени во несреќата. Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста и отвори нови прашања за безбедноста во сообраќајот и управувањето возила под дејство на психоактивни супстанци.


Јавниот обвинител донесе наредба за спроведување целосна истражна постапка, во рамки на која ќе се прибираат дополнителни докази, вештачења и анализи за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.


Доколку вината биде докажана во судска постапка, осомничениот би можел да се соочи со сериозни законски санкции поради тешките последици што произлегле од сообраќајната несреќа.

Извор: ТВ Телма

Related Posts

Запленети 230.000 евра – Полицијата со детали

04.08.2026

Николоски: Го зајакнуваме партнерството со САД преку конкретни проекти

04.08.2026

Идентификувани тројца осомничени за бруталната тепачка во Гостивар

04.08.2026

Нов сомнителен случај на западнонилска треска: Седум пациенти се под надзор, тројца се во критична состојба

04.08.2026

Тешко повреден 30-годишен возач во судир на „ауди“ и „голф“

04.08.2026

Приведена 41-годишна кавадарчанка по пријава дека ѝ се заканувала на својата 75-годишна свекрва

04.08.2026

Препорачани Вести

evroparlament

Зелено светло од ПССЕ: Затворен постмониторинг дијалогот со Македонија

6 месеци ago

ЕУ испрати сериозно предупредување до Албанија: Спорниот проект на Кушнер може да ја закочи европската иднина на земјата

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

    Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди – над 460.000 патници за еден месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запленети 230.000 евра – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – „Ве молам, немојте да ме враќате“: 12-годишно момче од Мароко стана симбол на мигрантската криза во Шпанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и тетовско утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведе нови правила: Сите содржини создадени со вештачка интелигенција ќе мора да бидат јасно означени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.