петок, јули 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Дали ќе се укинат границите во Шенген? Европската комисија најавува промени

by Уредник
04.06.2026
in Свет
Дали ќе се укинат границите во Шенген? Европската комисија најавува промени

Европската комисија препорачува постепено укинување на привремените гранични контроли во рамките на Шенген зоната, со цел враќање на слободното движење меѓу земјите членки, пренесуваат европските институции.

Според Комисијата, повеќе држави од ЕУ, меѓу кои Германија, Австрија, Франција, Италија, Холандија, Данска, Шведска, Словенија и Норвешка во изминатите години воведоа привремени контроли на внатрешните граници поради безбедносни предизвици и миграцискиот притисок. Иако ваквите мерки се дозволени во исклучителни околности, Брисел укажува дека тие треба да останат временски ограничени.

Во Германија, контролите на сите копнени граници се воведени од септември 2024 година и веќе неколкупати се продолжени, а последното продолжување важи до средината на септември 2026 година.

Европскиот комесар за миграција, Магнус Брунер, изјави дека бројот на нелегални преминувања на границите е намален за околу 40 проценти, што, според него, ја подобрува безбедносната состојба во Унијата.

Од Европската комисија порачуваат дека ЕУ веќе развива современи системи за управување со границите, кои треба да им овозможат на земјите постепено да се откажат од внатрешните контроли. Меѓу алтернативите се наведуваат засилени полициски проверки, мобилни биометриски системи и напредни технологии за следење.

Иако не е утврден конкретен рок за целосно укинување на контролите, Комисијата нагласува дека тие вообичаено не би требало да траат подолго од две години, освен во исклучителни ситуации.

…

Related Posts

Блумберг го откри планот на Путин за Украина

23.07.2026

Воен хеликоптер се урна во Чешка

23.07.2026

Трамп испрати остра порака до Иран – Ќе има силен американски одговор

22.07.2026

Украински дронови ќе се тестираат во програмата на Пентагон: Киев одобри извоз во САД

22.07.2026

Иран со предупредување до Бугарија

22.07.2026

Зеленски го разреши, а Сирски испрати последна порака до нацијата

22.07.2026

Препорачани Вести

Летото може да започне во километарска колона: Македонија бара изземање на новите биометриски контроли на грчката граница за време на летната сезона

Крај на гужвите на Евзони: Грција го одложи системот за гранична контрола

2 месеци ago
„Роаминг како дома“: Западен Балкан наскоро без дополнителни трошоци за мобилни услуги во ЕУ

„Роаминг како дома“: Западен Балкан наскоро без дополнителни трошоци за мобилни услуги во ЕУ

4 месеци ago

Популарни Вести

  • ЈКП „Водовод“ – Битола: Над 16.600 анализи потврдија безбедна и квалитетна вода за пиење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невреме се приближува до Грција: Црвен аларм за Халкидики и Солун, предупредување за туристите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија ги осуди нападите на Хутите и изрази солидарност со Саудиска Арабија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска бара решавање на шест отворени прашања пред да ја поддржи Црна Гора за членство во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ден на успеси, компромиси и нови можности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.