сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Франција и Германија со нов план за забрзано приближување на Западен Балкан кон ЕУ

by Redakcija
04.06.2026
in Балкан

Франција и Германија предлагаат нов модел за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, со цел да се даде нов импулс на процесот на проширување и да се забрза приближувањето на Западен Балкан кон европското семејство.

Предлогот е претставен во пресрет на Самитот ЕУ–Западен Балкан што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора, а поддршка за иницијативата изрази и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Според документот подготвен од Париз и Берлин, земјите кандидати би можеле постепено да добиваат одредени придобивки од членството уште пред формалниот влез во Унијата, доколку спроведуваат суштински реформи и ги исполнуваат европските стандарди.

Франција и Германија сметаат дека сегашниот процес на пристапување е премногу формален и сложен, поради што предлагаат поедноставување на процедурите и поголем фокус на реалните реформи, наместо на административните чекори.

Новата концепција предвидува воведување на таканаречени „градежни блокови“ за интеграција, прилагодени на секоја земја кандидат поединечно. Напредокот би бил наградуван со конкретни придобивки, како што се привилегиран пристап до единствениот европски пазар, учество на состаноци со европските институции и статус на набљудувач во одредени тела на ЕУ.

Во документот се нагласува дека овие придобивки би можеле да бидат повлечени доколку земјата назадува во реформите или ги прекршува основните вредности и принципи на Европската Унија.

Меѓу предложените мерки се и заеднички парламентарни комитети, состаноци со европратеници и претставници на Европската комисија, како и можност кандидатите да учествуваат на неформални состаноци на Советот на ЕУ без право на глас.

Франција и Германија бараат од Европската комисија да го разработи концептот во конкретен предлог, кој би можел да стане основа за идните разговори за проширување на Унијата.

Европскиот совет оценува дека иницијативата покажува силна политичка волја и кај земјите членки и кај кандидатите за успешно продолжување на процесот на проширување.

Related Posts

Инцидент во косовскиот парламент (ВИДЕО)

08.08.2026

Беспилотно летало навлегло во бугарскиот воздушен простор, свикана итна седница на Советот за безбедност

08.08.2026

Пустец заборавен од инвестициите – Жителите бараат подобри патишта

08.08.2026
Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

Аларм во Грција: 65 заболени и шест починати од вирусот Западен Нил

08.08.2026

Уапсени двајца крадци кои „оперирале“ само со луксузни автомобили

07.08.2026

Шумски пожар пустоши во Албанија, жителите бегаат од домовите

06.08.2026

Препорачани Вести

Ужасна трагедија вечерва на скопската обиколница

3 месеци ago
Мицкоски: Транзицијата остави трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување

Мицкоски најави можност за поевтина струја: Се подготвуваат измени во енергетскиот модел

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Голем пожар кај Сопиште: Три „ер трактори“ се вклучија во гаснењето, гори нискостеблеста шума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема загуба во домот на Лионел Меси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка пред угостителски објект во Тетово: Двајца 20-годишници избодени со нож, тројца приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во косовскиот парламент (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.