петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Израел и Иран повторно на раб на поширока војна: Ракети, експлозии и нови закани од двете страни

by admin
08.06.2026
in Свет

Тензиите меѓу Израел и Иран повторно драматично се зголемија откако двете земји разменија директни воени напади, што претставува најсериозна ескалација на конфликтот по примирјето постигнато во април.

Израелската армија соопшти дека нејзините воздухопловни сили извршиле напади врз повеќе цели во Иран, меѓу кои и локации во петрохемискиот комплекс во градот Махшахр, кој се наоѓа во југозападниот дел на земјата.

Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека биле изведени воздушни удари врз воени цели во централниот и западниот дел на Иран, по што беа регистрирани експлозии во неколку ирански градови.

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, изјави дека цел на нападите биле лансирни позиции за ракети земја-земја и друга воена инфраструктура која не е поврзана со енергетскиот сектор. Според него, акцијата претставувала одговор на претходните балистички напади извршени од Иран.

„Ниту една држава што се почитува себеси не би толерирала ваков напад, а ниту Израел“, порача Лајтер преку социјалната мрежа Икс.

Одговорот од Техеран не доцнеше. Иран започна нов бран напади врз израелски цели, а новинар на агенцијата Франс прес јави дека над Ерусалим била слушната силна експлозија.

Во меѓувреме, Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) објави дека започнала нова воена операција под кодното име „Наср“, насочена кон израелските воздухопловни бази „Тел Ноф“ и „Неватим“.

Од ИРГЦ соопштија дека операцијата е посветена на, како што наведуваат, „мачениците од 12-дневната војна“ и претставува директен одговор на израелските напади врз радарски системи и воени локации во Иран.

„Сите борбени и оперативни единици на ИРГЦ се во целосна подготвеност за спроведување обемни операции на сите фронтови и имаат подготвени планови за различни непријателски сценарија“, се наведува во соопштението.

Израелската армија потврди дека Иран лансирал и втор бран ракети кон израелска територија, по што сирените за воздушна опасност се активирале во повеќе делови од земјата.

Новите ракетни напади следуваа непосредно по израелските воздушни удари врз Иран, кога беа пријавени силни експлозии во Техеран, Табриз и Исфахан.

Во обид да се спречи понатамошна ескалација, американскиот претседател Доналд Трамп, според американски претставници, телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и побарал од него да го одложи евентуалниот одговор кон Иран.

Трамп предупредил дека постои сериозен ризик конфликтот дополнително да се прошири и изразил уверување дека дипломатски договор со Иран е сè уште можен. Сепак, израелската влада одлучила да возврати по претходните ирански ракетни напади.

Развојот на настаните предизвика реакции и во американската политичка сцена. Демократскиот сенатор Крис Марфи остро го критикуваше американскиот претседател, оценувајќи дека Вашингтон ја губи контролата врз случувањата.

„Оваа војна веќе беше понижувачка за Трамп и за американската моќ. Ако Трамп најави дека ќе му каже на Нетанјаху да не возвраќа, а само неколку часа подоцна Израел сепак започне напад, тогаш тоа понижување станува уште поголемо“, изјави Марфи.

Најновата размена на удари дополнително ги зголемува стравувањата од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток, додека меѓународната заедница со загриженост ги следи случувањата и повикува на итна деескалација на тензиите.

Related Posts

Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

18.09.2026

Американската војска се повлекува од Европа? Пентагон разгледува голем план

18.09.2026

Цените на бензинот во Германија уриваат рекорди: Литарот стигна над 3 евра

17.09.2026

Светот стравува од недостиг на гориво – Нови закани за глобалниот пазар на нафта

17.09.2026

Пензијата станува недостижна: Германија сака граѓаните да работат уште подолго

17.09.2026

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Препорачани Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 зголемен за 0,03 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

1 месец ago

Спор за стан прераснал во физички инцидент во скопски Карпош

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патник приведен пред лет од Скопје – во рачниот багаж имал куршуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разбојништво во спортска обложувалница во Тетово – маж со нож одзел пари и побегнал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во училиштата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.