Американскиот претседател Доналд Трамп предвреме го заврши интервјуто за емисијата „Meet the Press“ на NBC, по остра расправија со водителката Кристен Велкер околу неговите тврдења за изборни нерегуларности и настаните поврзани со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Интервјуто било снимено за време на посетата на Трамп на Висконсин, а тензиите се зголемиле кога Велкер побарала конкретни докази за неговите тврдења дека изборите во 2020 година биле наместени, како и за наводните неправилности при пребројувањето на гласовите во Калифорнија.
Во текот на разговорот, Трамп го бранеше фондот за борба против злоупотреба на моќ, формиран како дел од спогодба со американските даночни власти, додека водителката инсистираше на прашања поврзани со можни обештетувања за лица осудени по настаните од 6 јануари.
Кога Велкер повторно побара докази за неговите тврдења, Трамп возврати со критики кон медиумите и телевизиската мрежа NBC, обвинувајќи ги за пристрасност и нечесно известување.
Размената на обвинувања кулминираше кога американскиот претседател одлучи да го прекине интервјуто. Тој го тргна микрофонот, стана од местото и ја напушти снимката, притоа повторувајќи дека медиумите во земјата се проблем за американското општество.
По неговото заминување, водителката накратко коментираше дека отпатувала во Висконсин за интервјуто, додека Трамп продолжи да упатува критики кон медиумите додека се оддалечуваше од сетот.
Снимката од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции во американската јавност.
WOW — Trump crashes out and cuts his interview with Welker short as she presses him on his lack of evidence for claiming elections are rigged
"You're either crooked or you're stupid. Let's call it quits. Because I've had enough. Thank you darling," he tells her."
"I traveled… pic.twitter.com/qQaNIDnX4y
— Aaron Rupar (@atrupar) June 7, 2026
…











