среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Од Табановце до Гевгелија возовите ќе сообраќаат со 160 километри на час

by Redakcija
09.06.2026
in Македонија, Топ Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија влегува во најголемиот инвестициски циклус во транспортната инфраструктура во последните децении, со проекти вредни повеќе милијарди евра, меѓу кои и изградба на брза железница долж Коридорот 10.

Според него, најзначајната инвестиција е изградбата на модерна железничка линија од Табановце до Гевгелија, по која патничките возови ќе се движат со брзина до 160 километри на час, а товарните композиции до 110 километри на час. Вредноста на проектот се проценува на околу 1,8 милијарди евра.

– Доколку сите подготовки завршат според планираното, до крајот на годинава очекуваме да почнат и првите активности на терен – изјави Мицкоски.

Тој истакна дека проектот ќе се реализира во соработка со Обединетото Кралство и меѓународни финансиски институции, со цел Македонија да стане важна транспортна артерија за патничкиот и товарниот сообраќај во регионот.

Премиерот информираше и дека продолжуваат активностите за изградба на железничката делница кон Бугарија, како дел од Коридорот 8, при што тунелите на трасата кон Крива Паланка веќе се пробиени. Владата, како што рече, останува посветена на реализацијата на овој проект, иако на бугарска страна не се забележува доволен теренски напредок.

Паралелно, се планира модернизација на железничката линија Скопје – Тетово – Гостивар, инвестиција вредна околу 284 милиони евра, која треба да ја подобри поврзаноста на Полошкиот Регион и да создаде предуслови за идно железничко поврзување со Албанија.

Во делот на патната инфраструктура, Мицкоски најави дека делницата Извор – Врбјани од автопатот Кичево – Охрид би можела да биде пуштена во употреба во септември или октомври годинава, додека целосното завршување на автопатот се очекува во првиот квартал од 2027 година.

Тој соопшти и дека е завршена тендерската постапка за автопатската делница Букојчани – Кичево, а во завршна фаза се процедурите за делницата Блаце – Скопје.

Осврнувајќи се на енергетските проекти Чебрен и Галиште, премиерот порача дека тие се од исклучително значење за енергетската независност на државата.

– Доколку е потребно, ќе ги реализираме и сами, без помош од страна – истакна Мицкоски.

…

Related Posts

Министерката Божиновска му помогна на Македон да стигне до Johns Hopkins CTY: „Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

16.09.2026

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

16.09.2026

Коњановски: Гордост за Битола – Стефанија се врати од Италија со два медали

15.09.2026

ВИДЕО – Проданоски: Секое дете заслужува еднакви можности и поддршка

15.09.2026

Божиновска: Сакаме закон што ќе отвори простор за инвестиции и развој, но нема да има компромис со животната средина, граѓаните и интересите на локалните заедници

15.09.2026

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

15.09.2026

Препорачани Вести

ЈКП Водовод – Битола со нови инвестиции за поефикасен и одржлив водоводен систем

4 месеци ago
Водата во Кичево е безбедна за пиење, потврдено од Институтот за јавно здравје – Битола

Без вода повеќе населби во Ѓорче Петров

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Нова нафтена криза: Саудијците го стопираа клучниот нафтовод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве колку би чинело и кој ќе може да доплати за да откупи стаж за пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерката Божиновска му помогна на Македон да стигне до Johns Hopkins CTY: „Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денес пресуда за Тачи и тројцата поранешни команданти на ОВК во Хаг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.