среда, јуни 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Комисијата за здравство го „пушти“ законот против пушење

by Redakcija
09.06.2026
in Македонија
Крај на пушењето за цела генерација: Во Британија, секој роден по 2008 нема да смее да купи цигари

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во понатамошна собраниска процедура.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, образложи дека новото законско решение произлегува од потребата за обезбедување посеопфатна и поефикасна заштита на јавното здравје, со посебен акцент на децата и младите, како и од обврската за усогласување со европското законодавство.

– Пушењето е водечка причина за смртност и хронични болести во Република Македонија. Според податоците на Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација во земјата пуши, што ја става Македонија меѓу земјите со највисока стапка на пушење во Европа. Пушењето е поврзано со повеќе од една третина од сите случаи на карцином на белите дробови и со значителен дел од кардиоваскуларните заболувања – истакна Андовски.

Тој посочи дека употребата на тутунски и никотински производи кај младите на возраст од 13 до 15 години достигнала 13,6 проценти во 2024 година, што претставува највисоко регистрирано ниво досега. Употребата на електронски цигари кај оваа возрасна група изнесува девет проценти.

Дополнително загрижувачки е податокот дека 73 проценти од младите кои се обиделе да купат цигари не биле одбиени при купувањето.

Андовски се осврна и на штетните последици од изложеноста на туѓ чад, нагласувајќи дека предложените законски измени имаат цел да ја унапредат заштитата на здравјето на граѓаните и да придонесат за намалување на употребата на тутунски и сродни производи, особено кај младата популација.

…

Related Posts

Попладне нестабилно време: Можни поројни дождови, грмежи и град

17.06.2026

Новиот закон за оружје со многу новитети

16.06.2026

Препишувањето не помина: Десетици матуранти останаа без испитниот рок

16.06.2026

Спречен увоз на над 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

16.06.2026

Мицкоски: Во Тетово нова странска инвестиција од 20 милиони евра – ќе се отворат 412 нови работни места

16.06.2026

40 години од смртта на архиепископот Ангелариј: Спомен за духовниот водач на МПЦ

16.06.2026

Препорачани Вести

Хоџа и амбасадорот Улусој зајакнуваат соработка меѓу Македонија и Турција во областа на животната средина

5 месеци ago
pari

Нови случаи на измама со лажни лекари во Битола

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Камион и автомобил се судрија кај Мирковци, незгода и со мотоцикл во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска акција на Македонското еколошко друштво: Заедно со граѓаните можеме да обезбедиме сигурен дом за модровраната!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МЕНУВАЧНИЦИТЕ ГИ ТРИЈАТ РАЦЕТЕ: Доаѓа лето, лани за два месеци имале промет од 587 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од следната недела почнува аплицирањето за грантови до 11.000 евра за самовработување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По 50 години се случува ретка астролошка промена: Овие 3 знаци ќе имаат најмногу причини за радост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.