сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Отворен е конкурсот за запишување студенти на Хајделберг Факултет во Скопје за академската 2026/2027 година

by Redakcija
10.06.2026
in Македонија

Screenshot

[Скопје, 10.06.2026] – Хајделберг Факултет во Скопје го објави официјалниот конкурс за запишување студенти на прв циклус стручни студии за академската 2026/2027 година, отворајќи можност за новата генерација млади луѓе кои сакаат да го градат своето образование и кариера според германски стандарди, со силен фокус на практична подготовка, личен развој и поврзување со реалниот бизнис-сектор.

Во новата академска година, Хајделберг Факултет во Скопје запишува вкупно 30 студенти на студиската програма Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг, од кои 25 редовни и 5 вонредни студенти. Наставата се реализира на македонски и англиски јазик, а студиите траат шест семестри, од кои еден семестар се реализира во Германија.

Како прва германска високообразовна установа од овој тип во Македонија, Хајделберг Факултет во Скопје нуди поинаков пристап кон високото образование, во кој освен што учат теорија, студентите од самиот почеток се подготвуваат за реални професионални предизвици. Програмата е насочена кон развој на современи бизнис-компетенции во областите банкарство, осигурување, контролинг и бизнис администрација, со цел студентите да се стекнат со знаења и вештини кои се барани на пазарот на труд.

Она што го издвојува Хајделберг Факултет во Скопје е германскиот модел на образование, кој ја поврзува академската настава со практичната подготовка и кариерниот развој. Студентите добиваат можност да учат во мали групи, со лична поддршка од професори и ментори, како и пристап до дополнителни активности кои им помагаат да се подготват за идната професионална кариера.

За кандидатите кои ќе се запишат на прв циклус студии, Хајделберг Факултет во Скопје ќе организира подготвителна настава со истакнати ментори, професори од Германија и искусни претприемачи, како и кариерно советување и мотивациски обуки преку Школата за управување со таленти. Дополнително, студентите ќе имаат обуки за подготовка на биографија, мотивациско писмо и интервју за работа – вештини кои се клучни за успешен влез на пазарот на труд.

Право на запишување имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура, како и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според условите утврдени во конкурсот. Доколку бројот на пријавени кандидати е поголем од предвидениот број слободни места, изборот ќе се врши преку рангирање, врз основа на тест и интервју спроведени од комисија составена од германски професори од Хајделберг Факултет во Скопје.

Уписниот рок започнува со објавувањето на конкурсот и трае до 1 октомври 2026 година.

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат во просториите на Хајделберг Факултет во Скопје, на телефонскиот број 070 355 656, на контакт мејлот info@heidelberg.edu.mk, како и преку официјалната веб-страница на факултетот.

За Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје е германска приватна високообразовна установа, која нуди практично и меѓународно ориентирано образование во областа на бизнис администрацијата, со фокус на банкарство, осигурување, маркетинг и контролинг.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

30.10.2026

Повеќе пари за студентски оброк, попусти и дигитално плаќање: Што се менува со владиниот предлог

29.10.2026

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

29.10.2026

БОЖИНОВСКА: ИНОВАЦИИТЕ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПОСИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ И ПОКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Советот на Општина Прилеп усвои мерки за поддршка на првачињата

9 месеци ago

ВЛЕН: Законот за „Безбеден град“ треба да се гледа надвор од партиските интереси

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнат и ограбен 62-годишник во Тетово: Повреден со остар предмет додека задржувал еден од напаѓачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучот останал на бравата: Тројца малолетници осомничени за кражба на автомобил од автоплац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.