сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Тајван испали ракети во правец на Кина

by Redakcija
11.06.2026
in Свет
Нови напади на Иран врз Израел, ОАЕ, Саудијска Арабија и Бахреин

Тајванската армија испали ракети од американскиот ракетен систем ХИМАРС (High Mobility Artillery Rocket System) во рамки на воена вежба насочена кон демонстрирање на подготвеноста за одбрана од потенцијални кинески напади.

Ракетите биле истрелани од мобилни лансери како дел од обуката на тајванските вооружени сили, со цел тестирање на способностите за брзо распоредување и изведување прецизни удари. Од тајванската војска соопштија дека единиците успеале да ги маневрираат возилата и да ги испалат ракетите во рок од само три минути по добивањето на наредбата, демонстрирајќи високо ниво на мобилност и подготвеност.

Иако системот ХИМАРС и претходно бил тестиран, ова е првпат ракети да бидат истрелани кон водите на Тајванскиот Теснец, кој го разделува Тајван од Кина.

Тајванската армија најави дека ќе продолжи со обуките за користење на ХИМАРС „поради актуелната непријателска закана“, јасно алудирајќи на зголемените тензии со Кина, пренесува Си-Ен-Ен.

Испуканите ракети биле вежбовни и со намален дострел, поради што кратко по лансирањето паднале во водите на теснецот.

Кина го смета Тајван за своја отцепена провинција и во повеќе наврати истакнала дека островот во иднина треба да биде ставен под нејзина контрола. Во последните години, кинески воени бродови и авиони речиси секојдневно изведуваат активности во близина на островот, што властите во Тајван го оценуваат како обид за заплашување и зголемување на притисокот врз нивната безбедност.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Трамп тврди дека САД ја добиле војната со Иран, но ветува продолжување на воените дејствија

Трамп: „Наскоро сè ќе заврши“ — Иран возвраќа со седум услови

30.10.2026

Дрвени плочи пред луксузните излози: Германските трговци се подготвуваат за најавените протести

30.10.2026

Робот за достава минал на црвено и се судрил со автобус – Деветмина повредени

30.10.2026

Трамп бараше да запрат нападите, но нов пожар ја погоди руската нафтена индустрија

30.10.2026

Ќе се намали ли притисокот врз цените? Руски дизел плови кон САД

30.10.2026

Американците открија што подготвува Кина: Ново оружје би можело да ги промени правилата на војување

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Што се ботокс и филери, колку се безбедни: аферата со нелегален увоз отвори сериозни прашања

6 месеци ago

Емитувањето на Survivor вечерва е вонредно суспендирано поради тешка несреќа

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнат и ограбен 62-годишник во Тетово: Повреден со остар предмет додека задржувал еден од напаѓачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучот останал на бравата: Тројца малолетници осомничени за кражба на автомобил од автоплац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.