четврток, јуни 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Историски момент за македонското здравство: Изведена првата робот-асистирана операција во земјава

by Redakcija
11.06.2026
in Македонија

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, што претставува значаен исчекор во развојот на современата медицина во државата.

Интервенцијата била изведена со помош на демо роботскиот хируршки систем EdGe Medical кај пациент со карцином на простата, со примена на најсовремена роботска технологија и минимално инвазивен хируршки пристап.

Операцијата ја реализирал тимот на Клиниката за урологија, предводен од д-р Виктор Станков, научен соработник и специјалист уролог. При зафатот била применета Single Site метода, односно хируршка техника што овозможува интервенцијата да се изведе преку еден единствен отвор.

Според достапните информации, ова е прва робот-асистирана операција од ваков тип не само во Македонија, туку и во поширокиот регион. Исто така, се посочува дека станува збор и за прва примена на Single Site метода од ваков вид во Европа.

Овој иновативен пристап овозможува поголема прецизност за време на операцијата, помала траума за пациентот, намалена постоперативна болка и значително побрзо закрепнување.

Од здравствените власти посочуваат дека овој успех е резултат на континуираните вложувања во едукација на медицинскиот кадар и набавка на современа медицинска опрема, со цел создавање услови за примена на најновите хируршки методи во државното здравство.

Покрај во урологијата, роботскиот хируршки систем во иднина ќе може да се користи и во гинекологијата, како и во други хируршки области, што ќе придонесе за унапредување на здравствените услуги и отворање нови можности за лекување на пациентите во земјава.

Со воведувањето на роботската хирургија, македонското здравство прави важен чекор кон приближување до стандардите што веќе се применуваат во најразвиените европски здравствени системи.

…

Related Posts

ВЛЕН со позитивна оценка за работата на Собранието во изминатите две години

11.06.2026

Македонија под двојно лице на времето: Сонце, па силни врнежи и грмежи

11.06.2026

Отворен е конкурсот за запишување студенти на Хајделберг Факултет во Скопје за академската 2026/2027 година

10.06.2026

Колумна на Никола Тасев: Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

10.06.2026

Македонија ќе се разбуди во сонце, но попладне носи нешто сосема поинакво

10.06.2026
Крај на пушењето за цела генерација: Во Британија, секој роден по 2008 нема да смее да купи цигари

Комисијата за здравство го „пушти“ законот против пушење

09.06.2026

Препорачани Вести

Омерагиќ во посета на македонските клубови во Анталија

5 месеци ago

Мицкоски од Давос: „4iG“ најавува инвестиција од 100 милиони евра

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ЈКП „Комуналец“- Прилеп: Реконструкција и уредување на населбата „Димо Наредникот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН со позитивна оценка за работата на Собранието во изминатите две години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Партнерствата со европски општини се клуч за напредок на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија на експресниот пат Градско – Прилеп: Две лица загинаа, едно е тешко повредено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во Тетово: Вработена во бутик пријавила физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.