вторник, јуни 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

by Redakcija
16.06.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата.

Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со државните институции, претставува значајна платформа за размена на искуства и идеи меѓу носителите на политики, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор, со цел поттикнување на одржлив економски развој и инвестиции.

Министерката Божиновска беше панелист на дискусијата посветена на енергетската транзиција, заедно со претставници на IFC, Светска банка, МЕПСО и приватниот сектор. 

„Создаваме правна рамка за поотпорен и посигурен енергетски систем. Новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува Македонија со Пакетот за чиста енергија на Европската Унија и воспоставува посилна рамка за развој на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, пазарите за тргување ден однапред, поголемо учество на потрошувачите, планирањето во вонредни услови и десетгодишното планирање на мрежата. Особено важно е што законот воведува појасни правила за приклучување на електроенергетската мрежа и го третира складирањето на енергија како посебна регулирана дејност, што е од суштинско значење доколку сакаме обновливите извори на енергија да ја зајакнат, а не да ја нарушат сигурноста на снабдувањето.“ истакна Божиновска.

Во своето обраќање таа ги претстави приоритетите на Министерството во насока на модернизација на енергетскиот сектор, забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија и создавање предвидлива и транспарентна инвестициска клима.

Божиновска истакна дека во завршна фаза е усвојувањето на законодавството усогласено со Европската Унија Пакетот за интеграција на енергетските пазари, кој потоа ќе биде предмет на верификација од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија. Македонскиот оператор на организираниот пазар на електрична енергија (МЕМО) активно соработува со БСП и во рамки на поширокиот процес на поврзување на пазарите во Југоисточна Европа. Нашата цел е македонскиот пазар поефикасно да се интегрира со регионалните и европските пазари на електрична енергија, бидејќи подлабоката пазарна интеграција значи поголема ликвидност, подобри можности за управување со ризиците и поголема доверба кај инвеститорите, истакна Божиновска 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на спроведување на реформите и создавање услови за одржлива енергетска транзиција, преку соработка со домашните и меѓународните партнери, во интерес на економскиот развој и енергетската стабилност на државата.

…

Related Posts

Божиновска: Нема компромис со енергетската сигурност – со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

16.06.2026

Димитриеска-Кочоска: Партнерството со ИФЦ е значајно за инвестициите, енергетската транзиција и конкурентноста на македонската економија

16.06.2026

По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

16.06.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,10 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

16.06.2026

Проданоски: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутунопроизводителите – силен поттик за прилепскиот регион

16.06.2026

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

16.06.2026

Препорачани Вести

Кан му приреди шок на Џон Траволта: Легендарниот актер доби Златна палма и остана без зборови

1 месец ago

Нападнати полициски службеници во станицата

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Новиот закон за оружје со многу новитети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворено низ земјава – Ова се локациите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во Ла Манш: Руски воен брод отвори оган кон јахта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Маж со секира оштети банкомат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полномошно што заврши без автомобил: случај во Тетово под истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.