четврток, август 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

by Redakcija
16.06.2026
in Економија

„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности.

За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа резултатите од развојот на компанијата во изминатите 80 години, актуелните инвестиции во производствени капацитети, како и стратешката определба за зајакнување на присуството на високо регулираните меѓународни пазари.

Посебен акцент беше ставен на неодамнешниот пробив на британскиот пазар, откако британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) го одобри „Реконазол (ketoconazole) 2% шампон“, првиот медицински производ на „Реплек“ регистриран во Обединетото Кралство. Дополнително, во април годинава компанијата успешно го реализираше и првиот извоз на „Реконазол“ на британскиот пазар, што претставува значаен чекор во интернационалниот развој на „Реплек“ и дополнителна потврда за усогласеноста на производствените и регулаторните процеси со највисоките меѓународни стандарди.

Генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, истакна дека британскиот пазар претставува една од најзначајните референци за секој фармацевтски производител.

„За ‘Реплек’, регистрацијата и првиот извоз на ‘Реконазол’ во Обединетото Кралство претставуваат значајна пресвртница во нашата стратегија за интернационализација. Фактот што успешно ги исполнивме строгите барања на британското регулаторно тело – MHRA претставува силна потврда за квалитетот на нашите производи, стручноста на нашите тимови и зрелоста на нашите производствени и регулаторни процеси. Посетата на амбасадорот Лосон е дополнителна потврда за важноста на ова партнерство и охрабрување за нашите понатамошни развојни планови на британскиот и на другите високо регулирани светски пазари“, изјави генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски.

Во оваа прилика, амбасадорот Лосон ги посети и дел од производствените погони на „Реплек“, каде беше запознаен со современите технолошки решенија, високите стандарди за квалитет и безбедност, како и со континуираните инвестиции во модернизација и развој на производството.

За време на средбата беа дискутирани и можностите за понатамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и потенцијалот за натамошно зајакнување на присуството на производите на „Реплек“ и останатите македонски компании на британскиот пазар.

„Реплек“ во континуитет инвестира во унапредување на системот за квалитет, производствените капацитети и развојот на нови производи. Компанијата неодамна по петти пат го доби сертификатот EU GMP, потврдувајќи ја својата усогласеност со највисоките европски стандарди за добра производствена пракса, квалитет и безбедност. Производите на „Реплек“ се присутни на повеќе од 25 пазари ширум светот, а извозот претставува еден од клучните двигатели на растот во рамки на новата развојна фаза „80+“.

Related Posts

Бакарот над 14.000 долари: Што значи ценовниот бум за Македонија?

13.08.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,01 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

13.08.2026

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

13.08.2026

Цените на струјата во регионот рушат рекорди: Сушата и горештините го притискаат енергетскиот систем

12.08.2026

ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ И КОГА ПАЃА Е БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА, кај секторот трговија има спектакуларен скок

12.08.2026

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 зголемен за 0,03 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

12.08.2026

Препорачани Вести

trump

Санкциите против Русија продолжуваат уште една година, со новата одлука на Трамп

6 месеци ago

38-ГОДИШЕН ЖИТЕЛ НА СТРУМИЦА ПРИЗНАЛ ДЕКА „ЌАРИЛ“ ПОВЕЌЕ ОД 15.000 ЕВРА СО ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ – ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО „ЛЕКАР“

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Апсење за шпионажа во Косово: Во домот на осомничениот пронајдени 39.500 евра и четири телефони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес во Скопје – Лишено од слобода 29-годишно лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Голем пожар на Халкидики: Евакуирани жители и туристи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бакарот над 14.000 долари: Што значи ценовниот бум за Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,01 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.