петок, јуни 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: Се отвора ново поглавје за Универзитетот „Мајка Тереза“

by Redakcija
19.06.2026
in Македонија, Топ Вести

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Собранието се отвора ново поглавје во развојот на јавниот универзитет на албански јазик.

Од ВЛЕН оценуваат дека одлуката ги зајакнува институционалните капацитети на универзитетот, ја проширува академската понуда и создава нови можности за студентите и младите кои својата иднина ја градат преку квалитетно образование.

Според соопштението, со измените Универзитетот „Мајка Тереза“ ја унапредува својата академска структура со Правен факултет, Економски факултет и Факултет за хуманистички науки, со што дополнително се зајакнува неговата улога како центар за високо образование, научноистражувачка работа и професионален развој.

ВЛЕН истакнува дека паралелно се зајакнува и меѓународната димензија на универзитетот преку усогласување на академските стандарди и издавање дипломи на албански, македонски и англиски јазик, што треба да придонесе за поголема мобилност и конкурентност на европскиот пазар на труд.

„ВЛЕН останува посветен на образованието како една од клучните столбови на националниот развој. Инвестицијата во Универзитетот „Мајка Тереза“ е инвестиција во младите, знаењето, професионализмот и иднината на Албанците во Северна Македонија“, наведуваат од коалицијата.

Оттаму додаваат дека со конкретни одлуки во изминатите 24 месеци се прават чекори кон создавање посилни, пофункционални и подобро подготвени институции за предизвиците што ги носи иднината.

…

Related Posts

Почина уште еден обвинет во случајот за трагедијата во Кочани

19.06.2026

Речиси 5.000 деца чекале место во градинка минатата година

19.06.2026

Бугарска амбасада со апел до македонските медиуми и јавни личности

19.06.2026

Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач кој управувал со 188 километри на час

19.06.2026

ВЛЕН: ДУИ не ги поддржа измените на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“

18.06.2026

Божиновска: Очекувам намалување на цената на струјата за граѓаните

18.06.2026

Препорачани Вести

Генералното собрание на ОН побара од САД да си ги покријат долговите

Вашингтон врши притисок: Можно укинување на визите за палестинските претставници во ОН

4 недели ago
Албанија годинава започнува домашно производство на оружје, дронови и воена опрема

Албанија годинава започнува домашно производство на оружје, дронови и воена опрема

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Над 700 реализирани активности во две години работа на Министерството за енергетика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина уште еден обвинет во случајот за трагедијата во Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема полициска акција – Уапсени 11 лица во Скопје, Тетово, Кичево и Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Валандово: Претседател и секретар осомничени за милионска злоупотреба 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доктор и медицинска сестра осомничени за криумчарење ботокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.