среда, октомври 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Полицијата доби нови правила за изглед: дозволени бради и ограничени тетоважи

by Redakcija
19.06.2026
in Македонија

Screenshot

Министерството за внатрешни работи воведе измени во правилникот со кој се уредуваат однесувањето и меѓусебните односи на вработените, со што се либерализираат дел од правилата поврзани со изгледот на униформираните полициски службеници.

Според новите измени, на полициските службеници им е дозволено носење брада и одредени видливи тетоважи, но исклучиво доколку се во рамки на пропишаните стандарди за професионален изглед и не го нарушуваат угледот на службата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека правилникот бил донесен на 4 мај годинава, а измените биле разгледани по иницијатива на Гранскиот независен синдикат на полицијата. По прифаќањето, новите одредби стапиле во сила на 1 јуни 2026 година.

Во однос на брадата, правилата предвидуваат таа да биде кратка, уредно обликувана и редовно одржувана, при што не смее да го нарушува службениот изглед ниту да ја попречува употребата на заштитна опрема, вклучително и заштитни маски.

Правилникот пропишува и дека униформираните службеници мора да бидат уредно потстрижени, со коса која не смее да ги покрива ушите ниту да паѓа под јаката на униформата.

Во делот на тетоважите, дозволени се само оние кои не содржат навредлива, расистичка или вулгарна содржина, а видливи можат да бидат исклучиво на горните екстремитети, додека останатите мора да бидат покриени со униформата.

Дополнително, се дозволува носење само еден вид накит – прстен, додека мустаќите не смеат да се спуштаат под линијата на горната усна.

Од Независниот синдикат на полицијата оценуваат дека измените претставуваат чекор во насока на модернизација на правилата, при што се задржуваат принципите на дисциплина, професионалност и достоинство во полициската служба.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Русески останува на ставот и по три рочишта: Во „Пулс“ имало уредување, а не реконструкција

14.10.2026

Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

14.10.2026

Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

14.10.2026

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар

14.10.2026

Ќе донесе ли октомври зимски температури? Попоски со неофицијална метеоанализа

14.10.2026

ВЛЕН го прашува Ахмети: „Каде е факелот за Груби?“

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

2 недели ago

Земјотрес со епицентар во Албанија ги тресе Охрид и Струга

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Без струја утре повеќе делови од Тетово и околината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русески останува на ставот и по три рочишта: Во „Пулс“ имало уредување, а не реконструкција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Проекти од над 100 милиони денари во Пробиштип, следуваат уште 70 милиони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Инвестираме 114 милиони денари во Брвеница, победа во прв круг на Стојанчо Радичевски за уште повеќе проекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одземен полициски пиштол, со БМВ се дале во бегство на автопатот кон Тетово – кривични пријави против три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.