сабота, јуни 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Нова опрема за управување со отпад за почист и позелен Прилеп

by Redakcija
20.06.2026
in Република, Топ Вести

Прилеп добива 8.318 нови канти за селекција на отпад, 126 нови контејнери и девет специјализирани возила за собирање отпад, како дел од проектот за унапредување на системот за управување со отпад во општината.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ја промовираа новата опрема која ќе придонесе за подобрување на јавната хигиена и зајакнување на капацитетите на локалното комунално претпријатие.

За прилепските домаќинства се обезбедени 8.318 канти со капацитет од 120 литри за примарна селекција на отпад, додека во градот ќе бидат поставени 126 нови контејнери од 1,1 кубен метар кои ќе ги заменат дотраените и оштетени садови за отпад.

Во рамки на проектот, Општина Прилеп добива и вкупно девет специјализирани возила за собирање отпад. Три од нив веќе се испорачани, а останатите ќе пристигнат во наредниот период. Според Проданоски, ова значително ќе ги подобри условите за работа на ЈКП „Комуналец“ и ќе ја зголеми ефикасноста во одржувањето на чистотата во градот.

Дополнително, во тек е постапка за набавка и поставување на 48 полуподземни контејнери, инвестиција вредна над 18,6 милиони денари, обезбедена преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проданоски истакна дека Прилеп со години е меѓу водечките општини во селекцијата на отпад и заштитата на животната средина, додавајќи дека со овие инвестиции дополнително се унапредуваат еколошките стандарди и се создаваат подобри услови за живот на граѓаните.

Тој упати благодарност до Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата за поддршката во реализацијата на значајни еколошки и инфраструктурни проекти, нагласувајќи дека локалната самоуправа ќе продолжи да инвестира во модерен, чист и зелен Прилеп.

…

Related Posts

Мицкоски најави големо намалување на цените на горивата

20.06.2026

Коњановски го отвори БИТ ФЕСТ 2026: Пред нас се 70 културни настани

20.06.2026

Охрид од 25 до 27 јуни ќе биде центар на виното, музиката и летната забава

20.06.2026

157 нови вработувања во Клиничката болница Тетово – кадровско зајакнување и инвестиции од 74 милиони евра

19.06.2026

Коњановски: Инвестираме над 16,7 милиони денари во патната инфраструктура во Карамани

19.06.2026

Проданоски: Четири нови возила за „Македонски пошти“ во Прилеп, дел од модернизацијата на поштенските услуги

19.06.2026

Препорачани Вести

Британските легенди Delegation доаѓаат во Скопје на 29. Златна Бубамара

4 месеци ago
Отворена истрага против поранешниот норвешки премиер за наводи поврзани со Епштајн

Отворена истрага против поранешниот норвешки премиер за наводи поврзани со Епштајн

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Силен земјотрес ја погоди Грција, почувствуван во поширокиот регион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Нова опрема за управување со отпад за почист и позелен Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага по злато вредно 20.000 евра – нова туристичка атракција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве за колку ќе се намалат цените на горивата од понеделник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бронза што сјае како злато: Младиот Дарјан Мирчевски ја израдува Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.