сабота, јуни 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

УЈП бара нови вработени: Отворени девет позиции, платите од 27.000 до 39.000 денари

by Redakcija
27.06.2026
in Македонија

Управата за јавни приходи (УЈП) објави огласи за вработување на девет извршители на различни работни позиции низ земјава. Огласите се достапни преку Агенцијата за администрација, а платите што се нудат се движат од околу 27.000 до речиси 39.500 денари месечно.

Кандидатите треба да бидат државјани на Македонија, да имаат активно познавање на македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и да немаат изречена забрана за вршење професија. Покрај тоа, се бара познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, познавање на англиски, француски или германски јазик, а за дел од позициите и положен правосуден испит.

Во зависност од работното место, се бара високо образование, додека за некои позиции не е потребно претходно работно искуство, а за други е задолжително најмалку една година.

Меѓу отворените позиции се Даночен агент за прием, контрола и обработка на предмети во Генералната дирекција, Даночен оператор во повикувачки центар, Помошен даночен референт за даночно сметководство, Помошен даночен референт за регистрација на даночни обврзници – физички лица, Помошен даночен агент за даночно сметководство, Помлад асистент за услуги на даночни обврзници во Делчево, Помлад даночен извршител за основни мерки за наплата на долгови во Скопје, како и Советник за ИТ безбедност.

Најниската плата, од нешто повеќе од 27.000 денари, е предвидена за даночните агенти и оператори, додека највисоката – 39.476 денари – се нуди за позицијата Советник за ИТ безбедност.

Работното време за сите работни места е осум часа дневно, од понеделник до петок. Дел од огласите истекуваат до крајот на месецот, а останатите во првите денови од следниот месец. Заинтересираните кандидати можат да ги најдат сите услови и рокови во огласите објавени на веб-страницата на Агенцијата за администрација.

…

Related Posts

Забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра

26.06.2026

Николоски: Потребна е силна соработка со Албанија за заштита на Охридскиот Регион

26.06.2026

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина

26.06.2026

Претседателот на „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

26.06.2026

Алиу: Шест нови хируршки сали во Клиничкиот центар ќе бидат пуштени во употреба на 30 јуни

26.06.2026

ВИДЕО|Радост за сите: Победничкото ѕвонче за Ана на Клиниката за детски болести

26.06.2026

Препорачани Вести

22-годишник без возачка предизвика судир со две возила во Тетово

2 месеци ago
И Македонија дел од европската стратегија: Поранешен лидер на членка на ЕУ советува како Унијата да се врати на светската сцена

И Македонија дел од европската стратегија: Поранешен лидер на членка на ЕУ советува како Унијата да се врати на светската сцена

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонија најевтина земја во Европа според Евростат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да се пријавите за движење во шумите на Шар Планина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП бара нови вработени: Отворени девет позиции, платите од 27.000 до 39.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец Прилеп: Паркот на Могилата блеска во полн сјај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Кражба во скопско кафуле

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.