сабота, јуни 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Јазикот не е пречка кога нема политика – општина во Грција објави соопштение и на македонски

by Redakcija
27.06.2026
in Балкан

Општина Касандра на првиот крак на Халкидики упати јавно известување до граѓаните и посетителите на плажите, во кое се бара во рок од 24 часа да ги отстранат незаконски поставените чадори, лежалки и друга опрема од крајбрежјето.

Во соопштението, објавено на грчки, англиски и македонски јазик, општината наведува дека целта на мерката е обезбедување „слободни и достапни плажи за сите“, согласно важечкото законодавство за заштита на јавниот простор на крајбрежјето.

Од општината предупредуваат дека предметите поставени без законско право на јавни површини го ограничуваат слободниот пристап на посетителите и затоа сопствениците се должни да ги отстранат најдоцна во рок од 24 часа од поставувањето на известувањето.

Доколку тоа не се случи, локалните власти најавуваат дека ќе пристапат кон нивно отстранување без дополнително предупредување, при што таквите предмети ќе се третираат како напуштен отпад и нема да бидат вратени на сопствениците.

Општина Касандра и минатата летна сезона спроведуваше акции за расчистување на плажите од нелегално поставена опрема, со цел заштита на крајбрежјето и овозможување слободен пристап за сите посетители.

…

Related Posts

ВИДЕО: Хеликоптер за гаснење пожари се урна во Грција при полнење вода

27.06.2026

Нови пожари ја зафатија централна Грција, ангажирани авиони и хеликоптери во гаснењето

27.06.2026

Гужви на Евзони: Долги колони за влез во Грција

27.06.2026

Грција ќе ги плаќа рибарите за секој килограм уловена опасна зајачка риба

26.06.2026

Црна Гора доби најголем противпожарен авион во Европа

25.06.2026

Важни информации ако патувате кон Халкидики викендов!

25.06.2026

Препорачани Вести

sud

Судска пресуда за убиството на поранешниот јапонски премиер: Доживотен затвор за напаѓачот

5 месеци ago

ВИДЕО: Експлозии на аеродромот во Дубаи – откажани сите летови

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Андоновски: Рекорден раст на дигиталните услуги и значително зголемување на користењето на порталот uslugi.gov.mk

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јазикот не е пречка кога нема политика – општина во Грција објави соопштение и на македонски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанка дивеела во тетовската болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Хеликоптер за гаснење пожари се урна во Грција при полнење вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијан возач во Охрид удрил во шест паркирани автомобили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.