петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Почина легендата на македонската музика Владо Јаневски

by Redakcija
28.06.2026
in Македонија

Screenshot

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст. Веста предизвика голема тага кај неговите бројни обожаватели, кои со децении ги следеа неговите песни и настапи.

Јаневски беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, со богата музичка кариера и шест студиски албуми зад себе, објави 4news.mk Зад себе остави голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и литература. Во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а свирел клавир, гитара и тапани.

Во својата богата кариера настапувал на бројни домашни и меѓународни фестивали. Во 1998 година стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Настапувал и на Југовизија во Белград, како и на престижни фестивали во Белорусија, Ирска, Турција, Египет и други земји, оставајќи значаен белег на македонската музичка сцена.

Меѓу неговите познати албуми се „Парче душа“ (1993), „Сè најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996) и „Има нешто посилно од сè“ (2002), објави 4news.mk 

Со неговото заминување, Македонија изгуби еден од највлијателните и најсаканите музички уметници, чии песни ќе продолжат да живеат меѓу генерации слушатели.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Да го чуваме наследството и да градиме Македонија каква што заслужуваат идните генерации

23.10.2026

ВЛЕН: Нова поддршка за војниците, земјоделците и студентите

23.10.2026

„Свои на своето!“: Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

23.10.2026

Татјана Стојановска од Канал 5 преминува во Алфа, Јанко Илковски се приклучува на „Колегиум“

22.10.2026

Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

22.10.2026

Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

22.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Божиновска: Благодарност до амбасадорот Лосон за придонесот во партнерството со Обединетото Кралство

4 недели ago

Нестабилно време со дожд и снег: Температурите во постепен пад

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: 23 Октомври е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Да го чуваме наследството и да градиме Македонија каква што заслужуваат идните генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Борбата на македонските револуционери е пример и обврска да создаваме подобра иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Контрола во локал во Тетово: Кај сопственикот пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал пред партиското седиште на Радев: Новинарка соборена на тротоар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.