вторник, јуни 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: Ахмети 24 години беше на власт, а Зајас остана без канализација

by Redakcija
30.06.2026
in Македонија

ВЛЕН: Ахмети мораше да замине во опозиција за Зајас конечно да добие канализација
Коалицијата ВЛЕН со ново соопштение упати остри обвинувања кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврдејќи дека неговото родно село Зајас останало без канализациска мрежа во текот на 24 години додека партијата била на власт.

Од ВЛЕН оценуваат дека е „иронично“ што, иако ДУИ со години располагала со министри, директори, општини и милиони евра, не успеала да реализира еден од основните инфраструктурни проекти во селото.

Во партиското соопштение се наведува дека со отворањето на нови информации околу проектот се појавуваат сè повеќе сомнежи за начинот на кој биле трошени европските средства. Според ВЛЕН, додека граѓаните чекале изградба на канализација, други, како што велат, имале корист од исплати и договори поврзани со проектот.

Коалицијата поставува прашања кој профитирал од проектот, кои компании биле вклучени, кој ги одобрувал исплатите и дали истрагата ќе ги опфати сите инволвирани лица.
„Албанците заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите евра, кој имал корист од проектот и зошто Зајас 24 години остана без основна инфраструктура“, наведуваат од ВЛЕН.

Од ВЛЕН порачаа дека Зајас повеќе нема да биде „заложник на неисполнети ветувања“ и дека ќе инсистираат истрагата да биде целосно спроведена.
„Бараме да се отворат сите договори, исплати, компании и сите можни политички, бизнис и семејни врски. ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи, а сега мора да сноси одговорност“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Related Posts

Грција размислува за построги мерки или целосна забрана на електричните тротинети

Собранието го изгласа новиот закон електричните тротинети – Ова се новите правила

30.06.2026
Влажни коловози и зимски услови – АМСМ апелира за внимателно возење

Од 1 јули нови ограничувања на патиштата – еве што треба да знаат возачите

30.06.2026

ВЛЕН: Казината подалеку од нашите деца!

29.06.2026

Македонски пилот ангажиран во меѓународна операција за авио-асистенција во Турција

29.06.2026

Собранието усвои нов Закон за игрите на среќа: Построги правила, поголем надзор и ограничувања за рекламирање

29.06.2026

Топлотен бран во Македонија: ИЈЗ со итни препораки за заштита на граѓаните

29.06.2026

Препорачани Вести

Голема акција на полицијата: 11 приведени во Скопје, Битола, Гостивар и на Табановце

4 недели ago

Скопје: Акција на полицијата завршена со тројца уапсени – Ова се деталите

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Новиот Закон за обновливи извори на енергија е историски чекор за енергетската иднина на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Куманово: Загина мотоциклист во судир со автомобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,15 отсто, најтргувани акциите на Македонски Телеком

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на полицијата – Девет лица приведени во Скопје, Тетово, Кавадарци и Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гори сува трева во Шуто Оризари: Огнот се шири кон куќите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.