петок, август 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Поднесено обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

by Redakcija
01.07.2026
in Црна Хроника

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп.

Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

Обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на правно лице кое се занимавало со негово производство и увоз, иако истото и претходно повеќепати увезувало ваков вид стока. Притоа влијаел врз службено лице – фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин.

На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати.

На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Со Обвинителниот акт е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот поради постоење на околнистите заради кои истиот беше определен.

Извор: 4news.mk

Related Posts

Автомобил се преврте кај Ботун, сообраќајот отежнат во двата правци

21.08.2026

ШИТНАЛ 185 ТОНИ ЖЕЛЕЗО, ЌАРИЛ 54.000 ЕВРА

21.08.2026

Вештачењето за „Пулс“: Акустичниот сунѓер на плафонот исчезнал во пожарот, реконструкцијата повторно во фокусот

20.08.2026
Неколку случаи на семејно насилство пријавени за два дена

Неколку случаи на семејно насилство пријавени за два дена

20.08.2026
Две тешки сообраќајки во Скопје, повредени велосипедист и мотоциклист

Две тешки сообраќајки во Скопје, повредени велосипедист и мотоциклист

20.08.2026

Кривични пријави за проневера и злоупотреба: Тутунски комбинат Прилеп оштетен за над 3,3 милиони денари

20.08.2026

Препорачани Вести

Принцот Ендру целосно отфрлен од кралскиот персонал, кој одбива да му служи

Принцот Ендру целосно отфрлен од кралскиот персонал, кој одбива да му служи

7 месеци ago

Коњановски: Конечно решение за платите и подобри услови за битолските пожарникари

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Најстарата личност во светот наполни 117 години – преживеала две светски војни и ковид, а сè уште доживува „први моменти“

    Најстарата личност во светот наполни 117 години – преживеала две светски војни и ковид, а сè уште доживува „први моменти“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Албанците ја испратија ДУИ во политичка историја, изборите ќе го потврдат крајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски трансфер за македонскиот фудбал: Дитмир Хоџа потпиша за Лидс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил се преврте кај Ботун, сообраќајот отежнат во двата правци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите ќе достигнат до 41 степен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.