Шеснаесетгодишен ученик бил физички нападнат од две лица за време на големиот одмор пред средно училиште во Шуто Оризари. Според пријавата во полиција, едниот од напаѓачите извадил пиштол, но не пукал.
Случајот го пријавил таткото на малолетникот, Р.С. (41) од Скопје, на 19 октомври околу 16 часот во СВР Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој навел дека нападот се случил пред училиштето во кое учи неговиот син.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…











