петок, август 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

По 26 години повторно се отвора Средното полициско училиште: МВР распиша конкурс за 200 ученици

by admin
05.07.2026
in Македонија
По 26 години повторно се отвора Средното полициско училиште: МВР распиша конкурс за 200 ученици


Министерството за внатрешни работи го објави јавниот повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година, со што по пауза од 26 години повторно се враќа средното полициско образование во Македонија.

Под мотото „Облечи ја униформата со гордост!“, МВР ги повикува заинтересираните ученици да конкурираат за новата генерација, која ќе се школува во училиштето „7 Мај“, именувано по Денот на македонската полиција.

Последната генерација средношколци за полицајци завршила во периодот 1996–2000 година, по што тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста „Елисие Поповски-Марко“ бил укинат.

Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат ученици кои имаат завршено втора година во кое било четиригодишно средно училиште во државата.

Наставата ќе се одвива во Центарот за обука на МВР – Полициската академија во Идризово, каде учениците ќе престојуваат во интернат и ќе следат стручни и општообразовни предмети.

Најголемата предност е што по успешно завршување на образованието и полагањето на матурата, Министерството за внатрешни работи ќе им обезбеди работно место како полицајци.


Јавниот повик е објавен на 3 јули и ќе биде отворен 15 дена.

Кандидатите ќе треба да поминат селекција во три фази:

– проверка на моторички способности,
– писмен општообразовен тест,
– индивидуално интервју.

Сите фази ќе се реализираат во Полициската академија, а секој кандидат ќе добива бодови врз основа на постигнатите резултати.

Условите што мора да ги исполнуваат кандидатите

За да конкурираат, кандидатите треба:

– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да немаат наполнето 18 години на денот на објавувањето на конкурсот;
– активно да го користат македонскиот јазик;
– да бидат здравствено и психофизички способни.

Дополнително, потребно е:

– да имаат најмалку „добар“ општ успех во првата и втората година од средното образование;
– да немаат изречени педагошки мерки;
– успешно да ги поминат сите три селекциски фази.

Пријавите ги поднесуваат родителите или старателите, заедно со целокупната потребна документација.


Документите можат да се достават во СВР Скопје (полициските станици Гази Баба, Бит Пазар и Карпош), како и во секторите за внатрешни работи во Битола, Велес, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Штип.

Конечната ранг-листа ќе биде изработена врз основа на освоените бодови од сите три селекциски фази и ќе биде објавена на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на МВР.


Помошникот на министерот во Центарот за обука на МВР, м-р Влатко Митковски, изјави дека интересот е исклучително голем и дека секторите за внатрешни работи веќе се преплавени со пријави.

„Очекуваме сите 200 места да бидат пополнети и конкуренцијата да биде голема, што ќе овозможи квалитетна селекција. Очекуваме целиот процес да заврши до средината на август, по што учениците ќе имаат краток период да ги завршат административните процед

Related Posts

РАНГ ЛИСТАТА Е ОБЈАВЕНА: Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште – ЦЕЛ СПИСОК

27.08.2026

Шести смртен случај од западнонилска треска во земјава, почина 72-годишен скопјанец

27.08.2026

Николоски: Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, го реализираме планот за стратешко инфраструктурно поврзување

27.08.2026

Светот се трка по критични минерали, Македонија има потврден бакар во Иловица

26.08.2026

ВЛЕН: По повеќе од две децении чекање, започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

26.08.2026

ВЛЕН: Крај на децениските ветувања, започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

26.08.2026

Препорачани Вести

Промоција на ВЛЕН на Денот на Европа: Азир Алиу со образложение

4 месеци ago

Дизелот би можел да поскапи над 10 денари, бензинот за 6 – Се очекува интервенција на владата

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Пожар во Церово: Тетовските пожарникари со полн ангажман на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,70 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Мечка се нафрли врз автомобил и го откорна браникот како да е од хартија (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАНГ ЛИСТАТА Е ОБЈАВЕНА: Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште – ЦЕЛ СПИСОК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Откриено што го предизвикало смртоносниот воден ѕид во Непал: Глечерот се урнал и повлекол тони карпи и кал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.