вторник, јули 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари – продолжен рокот за државната поддршка

by Redakcija
07.07.2026
in Економија, Топ Вести
Ребаланс на буџетот неизбежен: Економистите прогнозираат инфлација од 3,6%

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење.

Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година.

Со оваа одлука, Министерството отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас.

За реализација на мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.

Продолжувањето на рокот е донесено со јасна цел – што поголем број граѓани да добијат можност да ја искористат оваа мерка и да ги намалат трошоците за греење, истовремено користејќи почист и поефикасен енергенс, велат од Министерството за енергетика.

Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Домаќинството може да поднесе едно барање.

Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања согласно условите од јавниот оглас. Повеќе информации има на сајтот на министерството – www.energy.gov.mk

По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Поддршката на граѓаните, подобрувањето на енергетската ефикасност и создавањето поквалитетни услови за живот остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку вакви мерки, Министерството продолжува да води политики што носат директна корист за семејствата и придонесуваат кон посигурна, почиста и поодржлива енергетска иднина, се додава во соопштението на Министерството за енергетика.

…

Related Posts

Проданоски: Прилеп е подготвен за „Пиво фест 2026“, градот ги пречекува гостите од 17 до 19 јули

07.07.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

06.07.2026

Меџити: Автопатот Скопје–Блаце станува реалност, потпишан договорот за втората делница

06.07.2026
Ребаланс на буџетот неизбежен: Економистите прогнозираат инфлација од 3,6%

Полицијата откри даночно затајување од над 2,3 милиони денари

06.07.2026

Од полноќ поскапуваат горивата

06.07.2026

Николоски: Почнуваме со реализација на автопатот Скопје – Блаце, потпишан грант од 30,8 милиони евра

06.07.2026

Препорачани Вести

ВЛЕН: Албанците ја препознаваат новата политичка енергија што ја носи ВЛЕН

2 месеци ago

До 615.000 денари за млади за отворање сопствен бизнис

1 месец ago

Популарни Вести

  • Ребаланс на буџетот неизбежен: Економистите прогнозираат инфлација од 3,6%

    Нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари – продолжен рокот за државната поддршка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончево утро, нестабилно попладне: Еве какво време нè очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР со важи инфомации за учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за вторник: Еден знак го очекува големо разочарување, друг добива љубовна шанса

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп е подготвен за „Пиво фест 2026“, градот ги пречекува гостите од 17 до 19 јули

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.