среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

САД извршија воздушни напади врз цели во Иран, Техеран најави одговор

by Redakcija
08.07.2026
in Свет

Screenshot

Тензиите меѓу САД и Иран повторно ескалираа откако американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека започнала воздушни напади врз цели на иранска територија, наведувајќи дека акцијата е одговор на, како што тврди Вашингтон, нападите врз три трговски брода што пловеле низ Ормускиот Теснец.

Во соопштението објавено на социјалната мрежа X, CENTCOM наведе дека целта на операцијата е Иран да сноси последици за, според американските власти, нападите врз цивилни трговски бродови на еден од најважните меѓународни поморски коридори.

Во меѓувреме, иранските медиуми јавија дека во неколку области во јужниот дел на земјата се слушнале силни експлозии, но засега нема официјални информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Ескалацијата доаѓа откако САД повторно воведоа санкции за извозот на иранска нафта. Од Вашингтон порачаа дека нападите врз бродови во Ормускиот Теснец се неприфатливи и дека Иран ќе се соочи со последици.

Од друга страна, иранското Министерство за надворешни работи остро ја осуди одлуката на САД, оценувајќи дека повторното воведување на санкциите претставува прекршување на меморандумот за разбирање и договорот за прекин на огнот. Техеран соопшти дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на своите национални интереси и безбедност.

Според претходните договори, САД и Иран на 17 јуни постигнаа привремен договор за прекин на огнот, потпишан во Швајцарија со посредство на Пакистан, по неколкумесечен вооружен конфликт. Сепак, најновите случувања отвораат прашања за иднината на договорот и можноста за нова ескалација на кризата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

CNN: Трамп ги губи нервите, враќањето кон војна станува сè поверојатно

Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

04.11.2026

ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

04.11.2026

Дебакл на републиканците на изборите. Венс: Вистинската причина за поразот им е очигледна на речиси сите

04.11.2026

„Никој не очекуваше вакви бројки“: Што го чека Трамп по победата на демократите?

04.11.2026

Руските војници без плата? Се разгледува одложување на декемвриската исплата за оние надвор од фронтот

04.11.2026

Трамп: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

sobranie

Собранието демантира: Не плаќаме приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

2 месеци ago
Израелските медиуми: Германија блиску до влегување во војна; Германскиот министер: Само ќе се браниме

Израелските медиуми: Германија блиску до влегување во војна; Германскиот министер: Само ќе се браниме

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.