вторник, август 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Започна судскиот процес за серискиот убиец од Кумановско: Обвинителството со тврдење – мотивот за убиствата било задоволување на полови страсти

by admin
09.07.2026
in Македонија
Започна судскиот процес за серискиот убиец од Кумановско: Обвинителството со тврдење – мотивот за убиствата било задоволување на полови страсти

Во Основниот суд во Куманово денеска започна судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој се соочува со обвиненија за четири убиства и два обида за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот Регион.

По завршувањето на првото рочиште, јавниот обвинител Љубомир Лапе изјави дека станува збор за случај без преседан во домашната судска практика. Според обвинението, главниот мотив за извршените злосторства била некрофилија, односно задоволување на полови страсти врз телата на жртвите по нивната смрт.

Обвинителот посочи дека вакви случаи се исклучително ретки и во светската судска практика и дека токму такви предмети биле анализирани при подготовката на обвинението. Како што истакна, обвинителството ќе се обиде да го докаже мотивот преку обдукциските наоди, психијатриското вештачење, како и исказите на двете жени кои ги преживеале нападите.

На новинарско прашање дали обвинетиот ја признал вината во текот на истрагата, обвинителот не даде одговор, образложувајќи дека не може да коментира детали пред доказите да бидат презентирани во судската постапка.

За време на денешното рочиште, Бојковски беше спроведен во судницата со полициска придружба и со лисици на рацете. Додека медиумите го снимаа, седеше мирно, се нишаше на столицата и гледаше кон таванот, без видлива реакција на присуството на јавноста.

Според обвинението, првото убиство било извршено во јануари 2025 година во селото Клечовце. Потоа следувале уште три убиства во Драгоманце, Старо Нагоричане и Челопек, како и два обида за убиство во Челопек. Обвинителството тврди дека сите жртви биле повозрасни и немоќни жени, а делата биле извршени со умисла и од особено ниски побуди.

Доколку биде прогласен за виновен, обвинетиот може да биде осуден на затворска казна од најмалку десет години или на доживотен затвор.

Обвинителот информираше и дека во Вишото јавно обвинителство во Скопје се води посебна постапка за утврдување евентуална одговорност на лекари кои, според наводите, не констатирале дека смртта на дел од жртвите била насилна. Поради тоа, тие првично биле погребани како лица кои починале од природна смрт, а подоцна нивните тела биле ексхумирани за дополнителна истрага.

Следното судско рочиште е закажано за 31 август, кога ќе продолжи доказната постапка.

Related Posts

Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

25.08.2026
Гори на пет локации низ Македонија – еден пожар под контрола, три изгаснати

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

25.08.2026

Вештакот Марковски: Објектот бил безбеден во 2012 година, сопственикот требало да бара пренамена во дискотека

25.08.2026

„Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, договорот тежок 222 милиони евра

25.08.2026

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел

25.08.2026

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Силно го поддржуваме Трамп, сакаме стратешкиот дијалог со САД да донесе конкретни резултати

25.08.2026

Препорачани Вести

Парите конечно тропаат на врата: Од 18 јули овие 3 хороскопски знаци влегуваат во период на голем успех!

1 месец ago

Основниот кривичен суд Скопје ја откри причината за куќниот притвор на Груби

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозна посета на Москва: Американски воен авион ја напушти Русија, се споменува и директорот на ЦИА Џон Ретклиф

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.