среда, август 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Еве колку чини гирото во Грција, растат цените и на сместувањето

by Redakcija
11.07.2026
in Балкан

Грција и ова лето останува една од најпосакуваните дестинации за македонските туристи, но летувањето таму ќе бара поголем буџет. Поскапувањата се забележуваат и кај сместувањето, и кај храната, особено во туристичките места.

Еден од омилените оброци на туристите – гирото – веќе се продава по цена од околу 5 евра на повеќето локации на Халкидики. Во поатрактивните туристички центри, особено во шпицот на сезоната, цената може да биде и повисока. Порција гиро во рестораните често достигнува 10 евра или повеќе.

Дополнителен трошок за туристите е и сместувањето. Според туристичките агенции, цените на аранжманите за Грција се зголемени во однос на минатата година за околу 10 до 20 проценти. За студио или апартман во сезона најчесто се потребни најмалку 60 евра за едно ноќевање, зависно од местото и периодот на престој.

Од туристичкиот сектор велат дека посетителите треба однапред да планираат повисоки трошоци за секојдневните потреби, бидејќи инфлацијата влијаеше врз цените во рестораните, таверните и локалите за брза храна.

Сепак, дел од производите во грчките супермаркети немаат значително повисоки цени од оние во Македонија. Кај некои артикли цените се слични, а во одредени случаи може да се најдат и поповолни понуди.

Во текот на летната сезона, грчката влада постигна договор со трговските синџири и производителите да нема нови поскапувања на голем број основни прехранбени производи во јули и август. Околу 2.000 производи со намалени цени ќе останат со истите цени во текот на летото.

Според актуелните цени, лебот во Грција чини околу 1 до 1,5 евра, багет околу 1,3 евра, грчка пита до 2,35 евра, килограм домати од 1,3 до 2 евра, а пилешкото месо се движи од 5,1 до 7,5 евра за килограм.

И покрај зголемените трошоци, интересот за летување во Грција останува голем. Минатата година земјата ја посетиле повеќе од 900.000 туристи од Македонија, со што македонските гости се меѓу најбројните посетители на грчкото крајбрежје.

…

Related Posts

Милиони евра за „невидлив“ добиток: Грција под истрага за земјоделските субвенции

Милиони евра за „невидлив“ добиток: Грција под истрага за земјоделските субвенции

26.08.2026
srbija

Србија тргна кон Шенген, но засега не планира визи за Русите

25.08.2026

По случајот со млекото во Косово: Знаеме ли навистина што треба да провериме кога купуваме млеко?

25.08.2026

Иран со нова порака до Бугарија: Не дозволувајте вашите бази да се користат против нас

24.08.2026
ВОЗНЕМИРИВАЧКО ВИДЕО: Намерно се залетал со автомобил во насобрани луѓе –  Тројца повредени, осомничениот во бегство

ВОЗНЕМИРИВАЧКО ВИДЕО: Намерно се залетал со автомобил во насобрани луѓе –  Тројца повредени, осомничениот во бегство

23.08.2026
Хрватска ги укинува класичните патарини

Хрватска ги укинува класичните патарини

21.08.2026

Препорачани Вести

Хоџа: Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа

5 месеци ago

Остар пад на цената на суровата нафта

4 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) НЕПАЛ ЖИВЕЕ ВО КОШМАР ДЕНЕС: Мостови, патишта, автомобили и куќи однесени од водата, стотици луѓе исчезнати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза со силен раст: МБИ10 зголемен за 1,62 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.