понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Спречена голема трагедија на реката Треска

by Redakcija
15.07.2026
in Скопје

Три млади лица, меѓу кои и двајца 15-годишници, денеска биле спасени од водите на реката Треска, откако силниот воден тек, предизвикан од зголемен испуст од браната „Матка“, ги однел додека се капеле.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за лицата кои биле зафатени од надојдената вода. Едното малолетно лице веднаш било извлечено од реката, додека другото малолетно лице и 18-годишникот биле пронајдени низводно по течението на Треска.

Сите три лица се спасени, живи се и, според првичните информации, немаат видливи повреди.

По пријавата, ЦУК веднаш ја координирал спасувачката акција, во која биле вклучени Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.

На местото на настанот пристигнал и директорот на Центарот за управување со кризи, Али Мухамет, кој ја следел и координирал интервенцијата. Во акцијата учествувале пожарникари, полициски службеници, екипи на Итната медицинска помош, како и жители на Општина Сарај.

Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни при престој покрај реки и езера, особено во близина на брани и хидроенергетски објекти, каде што нивото и брзината на водата можат нагло да се променат поради контролирани испусти.

…

Related Posts

ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти и инвестиции

20.09.2026

Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир за ноемвриските празници

19.09.2026

Промена на правилата на скопскиот аеродром за ограничувањето „Hug & Fly“

19.09.2026

Мелиќи ја одби Албанија, Гаштаров ја одби Србија – двајцата избраа да играат за Македонија

19.09.2026

Од понеделник химната ќе се интонира пред почетокот на наставата во училиштата во Гази Баба

18.09.2026

(Видео) ЖЕНА ИЗЛЕЗЕ ОД ПОРШЕ И ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ – Има ли крај на ароганцијата кон природата

17.09.2026

Препорачани Вести

Експлозија пред произраелски центар во Европа – полицијата во потрага по сторителот

6 месеци ago

(ВИДЕО) Драматична сцени од Киев: Руката ракета Орешник пробила повеќе бетонски нивоа во елитниот комплекс “Trinity”

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Трагедија на Шар Планина: На над 2.500 метри пронајдено безживотно тело, извлечено со хеликоптер

    Трагедија на Шар Планина: На над 2.500 метри пронајдено безживотно тело, извлечено со хеликоптер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тепачка на скопскиот аеродром: Група лица се пресметувале пред патниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пресврт во Германија: АфД води во Мекленбург, партијата на канцеларот Мерц пред историски дебакл

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедијата кај „Туланата“ ја однесе 17-годишната Ивана: Битолската гимназија се прости со потресна порака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мурињо експлодираше по мадридското дерби: „Два чисти црвени картони – ваков меч не е за неискусен судија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.