петок, јули 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

До 250.000 денари грант за компаниите што ќе вработат млади до 29 години

by Redakcija
17.07.2026
in Економија

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека отворањето нови работни места, намалувањето на невработеноста и подобрувањето на деловната клима остануваат меѓу главните приоритети на Владата. Од партијата посочуваат дека во тек е јавниот повик „Поддршка за креирање на нови работни места“ во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година.

Според соопштението, преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ ќе бидат поддржани микро, мали и средни претпријатија кои ќе отворат нови работни места. За оваа намена се предвидени 332,65 милиони денари, односно околу 5,4 милиони евра, со цел да се поддржи вработувањето на вкупно 1.385 лица.

Работодавачите ќе можат да добијат неповратни средства за вработување до пет лица, а висината на грантот ќе зависи од категоријата на вработените. Највисоката поддршка – до 250.000 денари по лице – е предвидена за вработување млади до 29 години.

За вработување лица кои се корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени и жени Ромки со завршено средно или високо образование, грантот изнесува до 220.000 денари по лице. За невработени лица постари од 29 години, финансиската поддршка е 160.000 денари по нововработен.

Дополнително, мерката предвидува и поттик за вработување македонски повратници, при што работодавачите ќе добијат дополнителни 10 проценти од одобрениот износ за секое вработено лице од оваа категорија.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со овие мерки се создаваат услови за нови вработувања, професионален развој на граѓаните и поттикнување на растот на домашната економија.

Related Posts

Македонската берза во пораст: МБИ10 порасна за 1,09 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

16.07.2026

Преживување во лето во канцеларија: Правила што никој не ги напишал, а сите ги почитуваат

16.07.2026

САД инвестираат милијарди во критични минерали, Македонија сè уште го чека Иловица

16.07.2026

Министерството за енергетика воспоставува систем за сајбер безбедност, заштитата на институциите значи стабилна и безбедна држава

15.07.2026

Божиновска: Интерконекторите со Грција и Србија добиваат европско стратешко значење

15.07.2026

Македонската берза во пораст: МБИ10 порасна за 0,57 отсто, најтргувани акциите на ВФП Пензиско друштво

15.07.2026

Препорачани Вести

Вознемирувачко видео од рускиот напад врз Украина во кој животот го загуби тригодишни дете

Вознемирувачко видео од рускиот напад врз Украина во кој животот го загуби тригодишни дете

1 месец ago
pari

Колку е потребно за среќен живот? Разговор на Reddit открива „магична бројка“ за финансиска стабилност

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Кривична пријава против претседателка на комисија во Министерството за здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервентната полиција уапси скопјанец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бегство од царинска контрола на Блаце – повреден цариник, уапсен косовски државјанин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До 250.000 денари грант за компаниите што ќе вработат млади до 29 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Црна Гора воведува визи за руските државјани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.